Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Писмо на бугарскиот шеф на дипломатијата до Брисел: Македонија не ги исполнува обврските
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Писмо на бугарскиот шеф на дипломатијата до Брисел: Македонија не ги исполнува обврските
МАКЕДОНИЈА

Писмо на бугарскиот шеф на дипломатијата до Брисел: Македонија не ги исполнува обврските

Објавено September 3, 2025 10:16
Сподели
Сподели

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да ги исполни своите обврски со добра волја. Oва го напишал бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, во писмо до неговите европски колеги.

Бугарија изразила растечка загриженост за, како што се наведува во писмото, континуираниот неуспех на Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски кон Европската Унија.

Во своето писмо, како што пренесува БГНЕС,  министерот Георгиев ги информираше своите колеги од земјите-членки на Европската Унија, како и од европските институции, дека Македонија, наводно се обидува да компромитира важни елементи од европскиот консензус.

„Пакет-договорот одобрен во јули 2022 година на европско ниво останува единствениот можен пат напред за оваа земја-кандидат за ЕУ. За жал, наместо конструктивен дијалог и добрососедски односи, забележуваме политика на конфронтација, провокации и повлекување од преземените обврски, вклучително и целно оспорување на клучните договори пред Уставниот суд во Скопјe“, се вели во писмото.

Како што се додава, Бугарија останува на ставот дека најдоброто решение за иднината на Западен Балкан е учеството на сите држави во овој најуспешен проект наречен Европска Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите
Следна Статија (Видео) Во новите документи за Епштајн објавена и „исчезнатата минута“ од снимките од затворот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во земјава

Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Армијата ангажирана во справувањето со пожарите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокот заврши: Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање

Во рамки на дејствијата поврзани со локалните избори, синоќа заврши тридневниот рок за пријавување на печатените и електронските медиуми (интернет…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судот не поведе постапка во предметите од Хелсиншки комитет и „Бехтел и Енка“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата со која се бараше испитување на уставноста на дел од Законот за изградба на автопатиштата…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?