Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таткото на Васил не признава вина, таткото на Фросина отстранет од судница – тензии на денешното судење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Таткото на Васил не признава вина, таткото на Фросина отстранет од судница – тензии на денешното судење
ХРОНИКА

Таткото на Васил не признава вина, таткото на Фросина отстранет од судница – тензии на денешното судење

Објавено September 3, 2025 14:07
Сподели
Сподели

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, усмрти пешак.

Обвинителот Александар Марковски тврдеше дека Јованов, преку родителска попустливост, придонел за создавање на опасната состојба.

Во случајот станува збор за еден ноторен факт – татковата љубов спрема синот единец била голема, но резултирала со несреќна пропустливост на родителот кон синот кој што се оддал и на пороци, рече тој.

Обвинителот посочи дека обвинителството ќе докаже дека таткото бил тој кој придонел да се генерира опасната состојба од страна на неговиот син, обвинетиот Васил Јованов.

-Факт е дека обвинетиот не доаѓал претходно во судир со законот и е офицер за пример во македонската Армија, но, тука не сме за да ја цениме и судиме неговата професионалност, туку тоа што тој требало да го направи, или не требало, како родител, дополни обвинителот.

Адвокатот Сашко Дуковски, застапник на Јованов, го оцени обвинението како правно неосновано и најави дека ќе бара детално образложение за секој поднесен доказ.

-Се работи за правен преседан незабележан во македонската правна историја – да го товарите таткото за дејствија кои ги сторил неговиот полнолетен син, рече Дуковски, кој посочи дека ќе бара детално образложение за правната релевантност на секој поднесен доказ.

На почетокот на денешното рочиште, таткото на Фросина Кулаков, Тодор Кулаков, упати прашања кон судечкиот совет, барајќи од судијката Снежана Марковска да се изземе од предметот.

-Редно е да се иземете од овој предмет, ова е наместено, рече Кулаков, по што беше отстранет од судницата.

Адвокатот Дуковски реагираше дека ќе го напушти судењето доколку Кулаков повторно му се обрати директно.

Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако обвинителството на изминатото рочиште врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог кој првично беше „предизвикување општа опасност“.

Обвинителниот предлог против Зоран Јованов, следува откако неговиот син, Васил Јованов, во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме
Следна Статија Како внатрешната контрола го открила скандалот во АНБ со прислушкувањето: Паднеле на полиграф па признале дека креирале лажни службени белешки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид, бараат невладините

Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство…

November 3, 2024
ХРОНИКА

Нова кривична за Рамиз Мерко: Библиотекар именувал за директор на училиште без соодветно образование

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Безброј пропусти кои доведоа до пожарот во кој загинаа 59 лица: Осомничен е и член на „ДНК“ за пиротехниката

Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека досега се осомничени 34 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Расте агресивноста кај младите: Истепале доставувач на храна, па му го одзеле ранецот

На 29.08.2025 во 18:20 часот во село Визбегово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен и 15-годишен…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?