Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено е обвинение против сопственикот на агенцијата која ја обезбедуваше кочанската дискотека „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поднесено е обвинение против сопственикот на агенцијата која ја обезбедуваше кочанската дискотека „Пулс“
ХРОНИКА

Поднесено е обвинение против сопственикот на агенцијата која ја обезбедуваше кочанската дискотека „Пулс“

Објавено September 5, 2025 11:47
Сподели
Сподели

Обвинителството информира дека е поднесено обвинение против Александар Нацев како реален сопственик на „Рубикон Секјурити“ која го обезбедувала диското „Пулс“ во кое при пожар загинаа 62 главно млади лица.

Професорот во јуни беше уапсен како дел од истрагата за пожарот во кочанакста дискотека Пулс. Тој беше осомничен за тешки дела против општата сигурност бидејќи истрагата утврдила дека е вистински и реален сопственик на агенцијата за обезбедување Рубикон која беше на вратите и го обезбедуваше објектот за време на пожарот на 16-ти март.

Според ЈО,Нацев фактички ги контролирал обезбедувачите кои не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материии – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот, не направиле проценка за безбедносните услови и допуштиле малолетници во објектот по полноќ.

„Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени  – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.

Поради нивните пропусти во еден подолг временски период, како и поради конкретните дејствија на дел од обвинетите, на 16.03.2025 година во угостителскиот објект во Кочани бил предизвикан пожар на место каде што биле собрани поголем број луѓе, при настап на музичката група ДНК, во целосно небезбедни и опасни услови, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесна повреда се здобиле 65 лица.

Последниот обвинет, во временскиот период од септември 2022 година до денот на пожарот, во Скопје и Кочани, како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, заеднички со веќе обвинетиот управител, раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата за обезбедување.

Тие, иако имале сопственичка одговорност, не постапиле согласно чл.3 од Закон за приватно обезбедување, со тоа што не презеле мерки и активности заради спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои го загрозуваат телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува и согласно чл.6 од Закон за приватно обезбедување, односно обезбедувањето го вршеле без да имаат склучено писмен договор за приватно – физичко обезбедување со корисникот на услугата –угостителски објект „Клуб Пулс“ и без воопшто да водат грижа, контрола и надзор при исполнување на обврските на лицата кои вршеле обезбедување на имот и лица.

На критичниот ден, тројца вработени во агенцијата со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедуваат објектот во Кочани без да утврдат претходна безбедносна проценка со проверка по однос на сигурносните услови на објектот, опасностите и можностите за евакуација во случај на опасност, без проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на посетители. Притоа, спротивно на законските обврски, правното лице не изготвило и не доставило План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и не биле ангажирани повеќе работници на обезбедување како што налагале условите во објектот.

Вработените распоредени од Агенција за обезбедување „Рубикон“ не постапиле по одредбите од Закон за приватно обезбедување и не извршиле проверка на идентитетот и возраста на лица при влез на објектот што го обезбедувале и со тоа овозможиле влез на деца – лица кои не наполниле 18 години и нивно присуство во објектот по 00.00 часот. Не постапиле и согласно законската обврска да извршат преглед на лица при влез во објектот што се обезбедува, а заради пронаоѓање предмети кои може да се користат заради уништување или оштетување на имотот, како и предизвикување опасност по животот, со што не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материии – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот.

Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлезе дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице.

Од тие причини, иако истрагата за ова лице е завршена и доказите се обезбедени, јавните обвинители кои постапуваат проценија дека се уште постојат одредени ризици за негово целосно обезбедување во текот на постапката. Имајќи предвид дека Судот, одлучувајќи по жалба на обвинетиот, веќе ја заменил претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор и со дополнителни забрани за напуштање на живеалиштето, за комуникација со одредени лица и одземање на патна исправа, јавното обвинителство до судот достави и предлог за продолжување на сите определени мерки и забрани“, објави Јавното обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јапонците ќе јадат американски ориз за пониски царини на автомобилите
Следна Статија Јошко Миленкоски е добитник на наградата за животно дело „8 Септември“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Детали за ужасната сообраќајна несреќа на патот Ресен-Битола

На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“,…

August 19, 2025
ХРОНИКА

Им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити – Измамени сопружници од Струга

Сопружници од Струга биле измамени за сума од речиси 4.000 евра, откако им поверувале на измамници дека ќе донираат пари…

March 28, 2025
ХРОНИКА

Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица

Скопското јавно обвинителство покрена обвинение за две лица за разбојништво направено во продавницата за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Едногодишно бебе во болница откако се затруло со лекови

Едногодишно дете од липковското село Отља се затруло со лекови, соопшти денеска кумановската полиција. Случајот во СВР Куманово го пријавиле…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?