Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм
ЗАБАВА

Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм

Објавено September 5, 2025 11:51
Сподели
Сподели

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје.

„Силјан“, новиот документарен филм на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, ја освои една од најретките награди на Биеналето – „Cinema and Arts Award“, позната и како „Наградата на Музата“, дел од официјалната натпреварувачка програма. Во конкуренција од 20 филмови за ова признание, „Силјан“ го освои првото место и беше прогласен за најинспиративен филм на биеналето.

Иако беше вон главната конкуренција („Out of Competition“) за Златен лав, токму „Силјан“ успеа да се издвои и да замине од Венеција со врвно признание.

„Out of Competition“ е официјална секција на фестивалот, втора по важност веднаш зад „In Competition“. Во неа традиционално се вклучуваат светски автори како Werner Herzog и Sofia Coppola, кои своите нови дела ги претставуваат пред глобалната публика, додека нивните филмови паралелно патуваат и на други А Категорија фестивали. „Силјан“ е еден од ретките филмови што во исто време го освоија и Венеција и Торонто, па токму оваа престижна позиција овозможи да блесне на двете најголеми сцени годинава.

„Ова е мојот најважен филм досега, затоа што во секоја смисла беше најголемиот предизвик за мене и како режисерка и како продуцентка на документарци. Го започнав во време кога филмската индустрија во мојата земја беше во длабока криза, и токму затоа решив да тргнам сама, не сакав да стојам во место. Филм започнат со толку лична инволвираност и страст, за само две години прерасна во она што е денес. „Силјан“ е моја лична приказна, поврзана со моите корени и мојата култура, и затоа можев толку искрено да ја преточам во овој храбар и артистички филм,“ изјави Тамара Котевска за време на доделувањето на наградата.

„Силјан“ е документарна бајка инспирирана од македонскиот фолклор од 17-ти век. Филмот ја следи судбината на Никола, земјоделец кој по тешка криза останува сам и на депонија пронаоѓа бел штрк со повредено крило. Од таа средба започнува магична врска што станува метафора за човечкиот опстанок, нежност и надеж. „Во најзаборавените, но најбогати и живописни предели успеав да најдам приказна што е совршено огледало меѓу животите на белите штркови и човештвото воопшто,“ вели Котевска.

Официјалниот критичар на Венецијанското биенале (Venice Film Festival) вели дека приказната за „Силјан“ има истата извонредна и ненаметната универзалност како „Honeyland“, но со многу подлабок уметнички израз.

Филмот зад себе има импресивен меѓународен тим – од Ciconia Film, преку Concordia Studios и The Cornershop, до продуцентката Anna Hashmi. Jean Dakar стои зад мајсторската кинематографија, а Мартин Иванов ја обликува приказната со беспрекорна монтажа. Музиката е дело на Joe Wilson Davies и Hun Oukpark од студиото на Hans Zimmer и создава повеќеслоен звук што станува невидлив лик во филмот. Јорданчо Петковски е клучен продукциски соработник на Котевска со кого веќе има долгогодишна успешна соработка. Само две недели пред заминувањето во Венеција, тимот го заврши снимањето на првиот долгометражен игран филм на Котевска, „Човек против јато“.

Hollywood Reporter го нарекува филмот „апсолутен шармер, трогателен поглед на врската меѓу човек и птица, со сите нејзини мистерии, топлина и практични предизвици.“ Критиката посочува дека „со мајсторска widescreen кинематографија од Jean Dakar, беспрекорна монтажа од Мартин Иванов и повеќеслоен музички запис од Davies и Oukpark, филмот се движи меѓу раскошни пејзажи и интимни сцени, создавајќи највозбудливи секвенци што фокусот го ставаат на невозможно елегантните птици и нивните гнезда на покриви, камбанарии и електрични столбови.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Неетички чин на министерот Филков, судир на интереси или кражба на труд?
Следна Статија Трамп организираше вечера со технолошки лидери, Маск не присуствуваше

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Основачот на Sledgehammer размислува за промените во EA и Activision: “Fade-от боли повеќе отколку што очекував”

Поранешниот основач на Striking Distance и Sledgehammer, Глен Шофилд, сподели загриженост за продажбата на неговиот поранешен работодавач

December 15, 2025
ЗАБАВА

Знаете ли што е Арамејски Нов завет?

Повеќето луѓе се шокирани кога ќе дознаат дека Библијата со која пораснале не е преведена директно од оригиналните арамејски текстови,…

June 2, 2025

10+ работи што треба да ги знаете за новиот AirTag 2

По петгодишно чекање, Apple конечно го претстави следното поколение на AirTag. AirTag 2 изгледа токму како оригиналниот...

January 28, 2026
ЗАБАВА

Принцот Вилијам прогласен за најзгоден ќелав маж во светот

Маркетинг агенцијата Reboot втора година по ред го прогласи принцот Вилијам за најзгоден ќелав маж на светот. Листата наводно се…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?