Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Поднесовме огромен број пријави против поранешни министри и функционери, не гледам дека ЈО постапува по нив!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Поднесовме огромен број пријави против поранешни министри и функционери, не гледам дека ЈО постапува по нив!
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Поднесовме огромен број пријави против поранешни министри и функционери, не гледам дека ЈО постапува по нив!

Објавено September 6, 2025 11:17
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА потврдува дека во иднина ќе има нови случаи поврзани со криминал и корупција на високи функционери, но исто така посочува и дека Јавното обвинителство и судовите не постапуваат еднакво за секој против кој е поднесена кривична пријава, како и дека за некои од случаите нема исчекор од страна на обвинителството.

Апсолутно да. МВР покажа за овие години во рамки на новата Влада дека можело поинаку, дека можело да се поднесе кривична пријава и против висок функционер од која било политичка партија, без разлика дали доаѓа од една, друга или трета, не би сакал да специфицирам, дека можело да се отворат постапки, дека можело да се говори јавно и при тоа со докази и со факти да се потврдат криминали, вели во интервјуто Тошковски.

Како пример го издвојува предметот „Адитив“, кој беше процесуиран и со обвинение од страна на Јавното обвинителство, но, министерот за внатрешни работи потенцира дека Јавното обвинителство и судовите не постапуваат еднакво за секој против кој е поднесена кривична пријава.

За жал, и покрај тоа што поднесовме огромен број на кривични пријави, како против поранешни министри, директори на институции, кривична пријава беше поднесена и против поранешен премиер, Јавното обвинителство и судовите гледаме дека не постапуваат баш еднакво спрема секој еден против којшто е поднесена кривична пријава. Останува времето да покаже дали во овој нареден временски период и Јавното обвинителство и судовите ќе се охрабрат да постапуваат во рамки на законски дадените овластувања, се со цел да можеме да видиме процесна правда, којашто е нужна да ја испорачаме како институција, но и суштинска правда којашто би требало да ги детектира сите оние кои незаконско работеле во изминатиот период и да овозможи поврат на оние средства што незаконски биле трошени од страна на одредени, без разлика дали се тоа министри, директори или кој било друг тип на функционери во изминатиот период, рече Тошковски.

Според него, за дел од предметите, како оној со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 млади лица, Обвинителството покажало храброст и одлучност навремено да одговори и веднаш да ги спроведе потребните процесни дејствија. Сепак, посочува дека за дел од предметите за којшто МВР поднеле кривични пријави со голем број докази, нема исчекор.

Јавно би ја искористил оваа прилика да го запрашам Јавното обвинителство до каде е предметот со злоупотреба на полициски овластувања во рамки на работењето на МВР, што беа поврзани со незаконско издавање на оружје. Поднесовме доста добра кривична пријава според информациите што ги имам, издржана со огромен број да докази против поголем број на полициски службеници коишто незаконски постапувале во изминатиот период. Но, за жал, до ден денес не можам да констатирам помрднување во однос на тој конкретен предмет. Ниту сме известени дека е отфрлена кривичната пријава, ниту, пак, сме известени дека истата била сериозно разгледана од страна на Јавното обвинителство и процесуирана со соодветен акт во рамки на нивна надлежност, вели Тошковски.

Во интервјуто министерот за внатрешни работи зборувајќи за трагедијата во Кочани нагласува дека во делот на она што е надлежност на МВР било максимално координирано постапено по сите наредби на Јавното обвинителство.

Сега останува на судот врз основа на сите собрани и доставени докази до него, да ги преземе сите оние процесни дејствија коишто е потребно да бидат преземени во страна на судот, рече Тошковски.

Во контекст на системските пропусти што беа констатирани во овој случај, министерот за внатрешни работи вели дека нам како на општество и на институциите ќе им треба многу време за се направи драстичен исчекор од она што било.

За шест месеци, за една година, ние нема да можеме да ги решиме со златно стапче проблемите коишто ги има во оваа држава. Многу години наназад се таложеле, потенцира тој наведувајќи дека веднаш по несреќата се направени одредени законски измени и промени за да се спречат вакви несреќи во иднина, вели Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски во „Проверитас“: Вардар е бренд на Скопје и ќе добие силна поддршка
Следна Статија „Безбеден град“ стартува од 1 јануари, еве од кога почнува пробниот период

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈАСПОРТ

Македонија загуби два поена од индексот на корупцијата во 2024 година, со 40 поени на 88-мо место во светот

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на Македонија во…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пленковиќ до Мицкоски: Македонија заслужува членство во ЕУ, имате силна поддршка од Хрватска

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ информираше дека имал телефонски разговор со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и јавно даде поддршка за нашата…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Елена Гули, внука на легендарниот Питу: Дедо ми знаел дека ќе загине, но не отстапувал од идејата за слободна Македонија

Елена Гули е единствениот директен потомок на славниот Питу Гули, внука од најмалото од четирите деца на војводата, заедно со…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност

Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?