Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Безбеден град“ стартува од 1 јануари, еве од кога почнува пробниот период
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Безбеден град“ стартува од 1 јануари, еве од кога почнува пробниот период
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ стартува од 1 јануари, еве од кога почнува пробниот период

Објавено September 6, 2025 12:29
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА, меѓудругото, говореше и за проектот „Безбеден град“, кој почнува со примена од 1 јануари.

Дел од законските измени допрва треба да поминат во законодавниот дом, но министерот појасни и од кога ќе се започне со пробниот период.

Во овој временски период, граѓаните ќе бидат информирани за сообраќајните прекршоци кои ги сториле.

-Ова е пакет на закони, шест закони мислам дека се поврзани со промената на потребната законска легислатива и понатаму правилници коишто дополнително ќе треба да ги измениме. Во рамки на собраниска процедура е влезен Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така во процедура е влезен Закон за прекршоци, којшто директно е поврзан со имплементација на „Безбеден град“ и во иднина безбедна држава. Понатаму ќе следат Кривичниот законик, Законот за извршување на санкции, Законот за возила веќе е променат во однос на сето она којашто требаше да биде поврзана со Сејф сити, така што имаме еден пакет на закони коишто е потребно да се променат и идејата на Министерството за внатрешни работи и целта е, заедно со оние теренски активности коишто се преземаат и законските измени коишто ќе се извршат, отпочнување на овој проект да биде 1.1. 2026 година. Зошто 1.1. 2026 година? Од 1.1. 2025 година, со измената на Правилникот во однос на регистрирање на моторни возила, се отпочна со процес на собирање на сите потребни податоци и информации коишто се поврзани со сопственикот на возилото. Така што, формално правно, можеме да отпочнеме со имплементирање од 1.1.2026. година, со тоа што запознаени се добро граѓаните дека овој систем ќе функционира во комуникација со граѓаните преку нивните мобилни телефони, односно преку испраќање на порака на нивните мобилни телефони на телефонскиот број којшто го оставиле во Министерството за внатрешни работи. Се надевам дека најдоцна до 1.12.2025 година ќе отпочнеме со активна примена на овој Сејф Сити систем. Со тоа што наредните вие триесет дена би ги искористиле за информирање на граѓаните дека на конкретна сообраќајница сториле конкретен сообраќаен прекршок, се цел да ги подготвиме, да има еден месец да ги подготвиме, да има како еден почетен пробен тест период, сè додека не стапат во сила официјално измените на сите оние законски прописи, вели Тошковски во интервју за МИА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Поднесовме огромен број пријави против поранешни министри и функционери, не гледам дека ЈО постапува по нив!
Следна Статија Во какво општество живееме? Потресно сведоштво за човечноста во Скопје: “Млада мајка на автобуска сама се бори со аутистично дете, а луѓето и се подсмеваат”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски се обрати на панел на тема демографски предизвици

Вицепремиерот Александар Николоски денеска се обрати на министерски панел на тема „International and Regional Cooperation for Demographic Resilience“ кадешто зборуваваше…

May 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Зоран Попов e нов в.д. директор на ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена 21 ден поради птичји грип. Од денеска Зоран Попов е именуван за в.д.…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонските универзитети и оваа година ги нема на Шангајската листа

И оваа година ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа на Академско рангирање на светските универзитети. Приматот за…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н. Е Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија. Претседателот на…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?