Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во какво општество живееме? Потресно сведоштво за човечноста во Скопје: “Млада мајка на автобуска сама се бори со аутистично дете, а луѓето и се подсмеваат”
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во какво општество живееме? Потресно сведоштво за човечноста во Скопје: “Млада мајка на автобуска сама се бори со аутистично дете, а луѓето и се подсмеваат”
МАКЕДОНИЈА

Во какво општество живееме? Потресно сведоштво за човечноста во Скопје: “Млада мајка на автобуска сама се бори со аутистично дете, а луѓето и се подсмеваат”

Објавено September 6, 2025 12:46
Сподели
Сподели

Вчера на социјалните мрежи се појави потресно сведоштво за инцидент на автобуската станица кај „Рекорд“ во центарот на Скопје. Млада мајка со своето аутистично дете доживеала сериозна криза, но наместо поддршка од присутните, била изложена на потсмев и навреди.

„Скопје, на автобуска кај Рекорд, млада мајка со аутистично дете, видно вознемирено, креваат врева. Детето вришти, сака да се качи во автобус, мајката се обидува да му објасни дека тоа не е нивниот автобус, но не успева, детето е многу вознемирено, вришти, клоца, ги затвара ушите… Мајката започнува да плаче и на глас да кажува дека нема помош од никој, дека ниту од фамилија не и помагаат, дека и е тешко. Детето оддеднаш истрчува на улица, таа по него, го фати, но тоа се тегне, а крупно детенце, силни и не може да го надваса. Коли свират, кочат… Притрчувам го фаќам за другата рака полека , го тргаме од улица, но тоа пак се тегне, клоца… Се вртам кон луѓето, кон мажите кои стоеја на станицата и ги молам некој да и помогне на мајката, а тие сите до еден гледаат и се смеат. Се смеат, се потсмеваат“, сведочи во Фејсбук статус Елена Доленц.

Потоа, како што вели таа, го совладале некако, детето се смирило малку и им пришол еден постар човек.

„Си помислив ете конечно некој да помогне, а тој… И приоѓа на мајката и и вели – а да му ја залепиш една? …..!!!!!!…Изреагирав, му реков да ја остави на мир, а таа уште толку се вознемири, почна да плаче… Ми се врти тој идиот од човек и ми вели – да го тепала на време нема сега така да прави, треба да го здрви од ќотек, вели Доленц во статусот.

Мајката плаче, детето ја виде и пак почна да вришти и да истрчува на улица, објаснува таа и додава дека пак никој не им помагал, а како што вели, тој “господинот” што дели ум мува не го лази што детето може да настрада, да го прегазат, стои, гледа и мрчи.

„За среќа дојде еден млад дечко, полека ја смири мајката, помогна со детето….Луѓето си гледаа претстава, се смееа сите до еден“, објаснува авторката на оваа објава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Безбеден град“ стартува од 1 јануари, еве од кога почнува пробниот период
Следна Статија Британски хирург си ги замрзнал нозете за да ги ампутира, сега е откриено зошто го направил тоа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зеленски го одликува Митко Јанчев со орден за заслуги

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, го одликува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со орден за заслуги. Оваа награда се доделува…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Видео: Најмалку шест возила поминаа на црвено светло за половина час

Најмалку шест возила поминаа на црвено светло во период од половина час и уште десетици други возачи игнорираа да забават…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дрин тврди дека само доцнел со уплатите за експлоатација на минерални суровини од рудник

Дрин Ахмети завчера даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево откако МВР…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?