Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Декласификација на документите за прислушкувањето е единствениот начин за расчистување на случајот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Декласификација на документите за прислушкувањето е единствениот начин за расчистување на случајот
ПОЛИТИКА

Филипче: Декласификација на документите за прислушкувањето е единствениот начин за расчистување на случајот

Објавено September 6, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче повикува на декласификација на документацијата поврзана со прислушкувањето бидејќи, според него, тоа е единствениот начин за расчистување на случајот.

Во законот јасно пишува дека одговорен за декласификација на документите, доколку постои сомнеж за криминал или злоупотреба, е самата институција, односно АНБ. Значи, од Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе се декласифицираат или не. Ние бараме да се декласифицираат, да видиме кои луѓе биле пратени, кои групации и зошто, да видиме дали имало прекршување од било кој – ако треба некој да понесе одговорност, вели Филипче во интервју за „Слободен печат“.

Според него, една од причините поради кои власта се противи на декласификација на документацијата можеби е стравот да не излезат на виделина, како што вели, информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско ниво. Дел од сознанијата во врска со финансии коишто доаѓаа за време на нашето владеење кон некои структури – исто така. Можеби е тоа една од темите коишто ќе излезат ако се декласифицираат овие податоци сега од АНБ. Мислам дека власта нема да го направи, поради тоа што сметам дека ќе избега од таа тема, вели Филипче.

Во однос на евроинтегративниот пат на земјава и реформската агенда, Филипче смета дека е потребно суштинско враќање на државата на европскиот колосек. Со неспроведувањето на реформите, како што вели, губат граѓаните, а државата губи милиони евра.

Македонија е заглавена. Државата тапка во место, додека целиот регион – од Албанија до Црна Гора – забрзано се движи кон Европската Унија. Сè додека Владата бира да не прави ништо, нашите граѓани плаќаат со загубени можности, непочнати реформи и изолирана иднина, вели Филипче во интервју за „Слободен печат“, давајќи остра критика за власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ во однос на евроинтеграциите и реформската агенда.

Оценува дека од сите неопходни закони, не е донесен ниту еден и дека поради неработењето на Владата, државата изгубила 80 милиони евра европска поддршка – пари кои биле наменети за реформи во правосудството.

Филипче посочува дека веќе работат на Предлог-резолуцијата која, како што вели, ќе вклучи конкретен механизам за заштита на државните позиции во случај на непринципиелни барања во текот на преговорите.

Работиме на конкретен предлог, со вклучен временски рок. Решението нема да биде ни наметнато, ни затворено – ќе биде објавено како работна верзија за јавна и политичка дебата, каде сите чинители ќе можат да го дадат својот придонес. Ова не е предизборна игра. Ова е егзистенцијално прашање. Над 70 проценти од граѓаните се за продолжување на патот кон ЕУ. Ако 70 проценти сакаат Европа, нема оправдување за пасивност. Ова не е прашање за дневна политика. Ова е прашање дали ќе бидеме дел од модерна, демократска Европа или ќе останеме заробена држава во чекање, вели Филипче.

Упатува повик до јавноста и до сите политички чинители дека не е време за калкулации и дека нема простор за чекање.

Изразува разочараност и од претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова за која рече дека ја следи партиската линија на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да застане на страната на националниот интерес.

Жалам што претседателката, наместо да биде глас на разумот и уставноста, се приклучи на бранењето на неодговорната политика на ВМРО-ДПМНЕ. Немаме ниту еден заеднички став по ова клучно прашање, а не сме имале ниту континуирана комуникација. Но, тоа не ја намалува нашата одговорност да работиме на консензус, вели Филипче.

Според него, македонскиот јазик, идентитет и култура веќе се заштитени и формализирани преку меѓународни договори, вклучувајќи го и договорот со ФРОНТЕКС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: СДС се заплетка и призна дека го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени
Следна Статија Седум трикови како да трошите повеќе калории додека пешачите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Без гаранции од ЕУ за посебен македонски идентитет, јазик и култура нема уставни измени

Премиерот Мицкоски вчера упати конкретно барање до Европската унија за тоа како може да се одблокира евринтегративниот процес на Македонија.…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на силна победа на локалните избори, очекуваме поголем број на општини, повеќе и од 2021

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панел дискусијата организирана од Партиски истражувачко – аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба објави видео во кое го најавува проектот за ново училиште. Образованието…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?