Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија со убедливи 5-0 го победи Лихтенштајн и повторно е лидер во групата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија со убедливи 5-0 го победи Лихтенштајн и повторно е лидер во групата
СПОРТ

Македонија со убедливи 5-0 го победи Лихтенштајн и повторно е лидер во групата

Објавено September 7, 2025 22:02
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните квалификациски натпревари, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје лесно и според очекувањата ја совлада најслабата селекција во групата Лихтенштајн со убедливи 4-0.

Македонија сосема очекувано доминираше на натпреварот, можеше да постигне и уште некој гол, особено во вториот дел кога имаше многу повеќе шанси.

Елмас во 19. минута од средбата со прекрасен гол, откако направи „дар-мар“ низ одбраната на Лихтенштајн донесе водство.

Вториот гол се случи на стартот од вториот дел, откако во 51. минута од средбата Барди на асистенција на Илиевски стрелаше за 2-0. Пет минути подоцна Чурлинов погоди за 3-0. По асистенција на Барди, Чурлинов се најде сам пред голот, и откосо погоди во горниот десен агол.

До крајот на мечот гол постигна и Лирим Ќамили, на асистенција на Алиоски за 4-0, а во последните секунди од мечот стрелец беше и Станковски, кој на асистенција на Зајков по изведен корнер ја погоди празната мрежа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вечерва целосно затемнување на Месечината – познато и како „крвава Месечина- нема да се повтори сè до 2029 година
Следна Статија Малолетник со нож го повредил својот татко во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Тотенхем од единствениот удар го „реши“ Јунајтед и го освои првиот европски трофеј по 41 година (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед, ја освоија Лига Европа и обезбедија директен пласман во Лигата на шампионите следната…

May 22, 2025
СПОРТ

Силекс и Работнички со порази во Лигата на Конференции, Вардар со убедлив триумф блиску до следната рунда

Трите фудбалски екипи претставници од Македонија денеска имаа настапи во Лигата на конференции на УЕФА. Два тима беа поразени на…

July 11, 2025
СПОРТ

Вечното дерби во петок на Градски, еве колку се картите за Вардар-Пелистер

Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија Вардар ги пушти во продажба влезниците за отворањето на сезоната. Во Скопје…

August 4, 2025
СПОРТ

Денот кој ќе го памети засекогаш фудбалска Македонија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето.…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?