Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 8 Септември 1991 година ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На 8 Септември 1991 година ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава!
МАКЕДОНИЈА

На 8 Септември 1991 година ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава!

Објавено September 8, 2025 09:08
Сподели
Сподели

На 8 Септември 1991 година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ, на референдумот за самостојна и независна Македонија излегоа 75,74% од електоратот, а „за“ гласаа  72,16% од запишаните!  , напиша во честитката по повод 8 Септември -Денот на државноста на Македонија, Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Така, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава!

Денес, 34 години потоа, во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија.

Изминативе три децении се соочивме со бројни внатрешни поделби и кризи, со надворешни притисоци и предизвици, со отстапки и компромиси неусогласени со  референдумската одлука од 1991 година, па и со меѓународното и национално право.

Политиката, за жал, нè учи дека неправдите не се отстрануваат со потег на перото, туку со макотрпна домашна и меѓународна борба, со правни аргументи и внимателни политички активности, со макотрпно градење пријателски сојузи, а не со непромислени и избрзани акти, со внатрешно единство, а не со поделби, со самопочит, но и со меѓусебна почит.

Патот кон правото и правдата води преку европеизирана држава, втемелена на копенхагенски критериуми, преку демократска власт, ограничена со систем на ефикасни спреги и кочници, преку компетитивна и просперитетна економија, преку партиципативна политичка култура, преку силно граѓанско општество и слободни медиуми.

Младите не се задржуваат и стимулираат со партизација и политизација, туку со образование и наука што стимулираат, почитуваат и наградуваат знаење, труд и заслуги.

Ако домата ни е европска, сигурна сум дека нашите деца и внуци ќе сакаат да работат, творат и растат семејства тука, во нивната дома, или постојано да соработуваат со татковината, ако се надвор, привремено или трајно.  Само во европски амбиент се креира европска иднина!

На крајот, не сум се откажала и никогаш нема да се откажам од македонските национални интереси. Мора да продолжиме да ги реафирмираме и да се бориме за нив дома и надвор, во европските и меѓународни институции, на правен и политички, демократски начин, потсетувајќи се и повикувајќи се на националното и меѓународното право, на 8 Септември.

Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Карлос Алкараз го освои УС Опен и го презеде врвот на АТП листата
Следна Статија УЕФА му го одзеде ремек-делото на Елмас (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи маршот од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар

Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи коњичкиот марш од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар по патеките…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Героски: Судија Илија Трпков, да судеше на стадион, знаеш ли како би ти викала публиката?

Некаде во 2020 година, пред воопшто да почнам да пишувам за судскиот процес „Организатори на 27 април“, поточно за случајот…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Дуалното образование е нашиот најуспешен образовен модел

Владата и бизнис заедницата, во делот на образованието, имаат заедничка заложба за создавање генерации кои не само што поседуваат знаење,…

February 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Митева: Кочани беше тешка лекција и аларм за државата која предолго беше во длабок сон

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше Марија Митева член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата…

March 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?