Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Македонија се гради. Од заборавени проекти денеска имаме автопати по кои граѓаните возат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Македонија се гради. Од заборавени проекти денеска имаме автопати по кои граѓаните возат
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија се гради. Од заборавени проекти денеска имаме автопати по кои граѓаните возат

Објавено September 8, 2025 13:01
Сподели
Сподели

Имаме одлично силна градежна активност насекаде низ државата. Го пуштивме во сообраќај и вториот дел од автопатот Кичево-Охрид, во должина од 17 км на потегот од Климештани до Охрид, со силна динамика работиме и на изградба на автопатите од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Очекувам првиот дел од автопатот од Прилеп до Битола да го пуштиме во сообраќај веќе следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој потенцира дека од заборавен и целосно напуштен проект, со изборот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, изградбата на автопатот од Охрид до Кичево се одвива со силна динамика и резултатите се видливи каде за два месеци се пуштени 34 километри за сообраќај.

“Ние решивме да го изградиме и еве за помалку од два месеци втора делница од автопатот пуштаме. Во јули месец ја пуштивме делницата од Врбјани до Ботун во должина од 20 километри од кои 17 активно се користат. Сега го пуштивме делот од Климештани до Охрид и со поврзувањето до аеродромот Св.Апостол Павле и исклучокот за Струга во должина од 17 км, веќе 34 км на автопатот се користат. Останатите 22 км очекуваме сукцесивно да ги пуштаме од месец октомври до крајот на следната година. За разлика од сега, минатата година се соочивме со проект кој што не постоеше, практично немаше проект” – изјави вицепремиеорт Николоски.

Во делот на автопатите Тетово -Гостивар и Гостивар -Букојчани, вицепремиерот потенцираше дека проектите се реализираат со планираната динамика. Како што најави очекува почетокот на 2029 година да има целосно автопатско и експресно поврзување од ГП Деве Баир до ГП Ќафасан.

“ Обиколница на Крива Паланка ја почнавме, од Крива Паланка до Страцин веќе имаме експресен пат, во моментов со ЕУ преку “Планот за раст” работиме од Страцин до Куманово исто така на експресен пат. Таму експропријацијата е завршена, сега треба со ЕУ да се договориме за процесот на избор на Изведувач. Од Куманово до Скопје има автопат, има и Обиколница на Скопје која не е во добра состојба, следната година целосно ќе ја реконструираме. Скопје -Тетово веќе постои автопат, Тетово -Гостивар се гради, Гостивар -Букојчани се гради, Букојчани до Кичево до 30 септември очекуваме понуди, Кичево – Охрид го работиме, така што воопшто не е нереално да очекуваме крај на 2028, почетокот на 2029 година од ГП Деве Баир до ГП Ќафасан да имаме автопатско односно експресно решение”- изјави вицепремиерот Николоски.

Оптимизам гледа и во изградба на автопатот од Прилеп до Битола, каде најави дека првите 11 км се очекува да бидат пуштени во сообраќај следната година, односно до втората половина на 2027 година целосно да биде завршен тој автопат.

Во однос на автопатот Скопје – Блаце исто така најави дека оваа есен ќе се избере Изведувач заедно со Европската банка за обнова и развој со што ќе започне изградбата и на овој автопат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Започна увидот во опожарената фабрика во Виница
Следна Статија Петмина загинати во вооружен напад во Ерусалим – убиени двајца осомничени напаѓачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра

Државните патишта се многу важен фактор за функционирање и за развој на државата, воедно, тие се многу важни и за…

August 24, 2025

Доналд Трамп подготвен да го номинира Кевин Варш за претседател на Федералните резерви

Американскиот претседател најавува дека во петок утро ќе го објави новиот кандидат за да го замени Џеј Пауел

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Zillow најавува смели предвидувања за хипотекарните каматни стапки

Технолошката компанија за недвижности прогнозира значителни промени на пазарот на домување во 2026 година.

December 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела со податоци

Глобалните акции и обврзници започнаа декември под притисок, додека обновениот пад на криптовалутите и строгите коментари од Банката на Јапонија…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?