Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Kурти најави дека Косово ќе прави дронови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Kурти најави дека Косово ќе прави дронови
БАЛКАН

Kурти најави дека Косово ќе прави дронови

Објавено September 8, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Премиерот на Косово во технички мандат Албин Курти изјави дека во наредните четири години ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за косовските безбедносни сили (КБС).

Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за аспектот на безбедноста, при што најави и развој на беспилотни летала „Made in Kosovo“.

Тој рече и дека ќе се создаде заедничка воена единица со Оружените сили на Република Албанија.

– За нашата армија во четирите години од наредниот мандат ќе издвоиме буџет од над една милијарда евра. Ќе ја продлабочиме и прошириме билатералната и мултилатералната меѓународна соработка со земјите-членки на НАТО. Ќе ја ставиме во функција Фабриката за муниција и ќе ја развиеме воената индустрија на Косово. Исто така, ќе развиеме беспилотни летала ‘Made in Kosovo’, изјави Курти.

Тој дополни дека зајакнувањето на армијата ќе се реализира преку набавка на оружје, обука и едукација во земјата, како и во соработка со Албанија и во најпрестижните воени академии во партнерските земји.

– Ќе ја создадеме Заедничката воена единица со Оружените сили на Република Албанија. Регрутирањето на нови кадети ќе продолжи со зголемен интензитет. Целиме да имаме 1000 жени и девојки војници во новиот мандат. Програмата за сеопфатна одбрана ќе се спроведе низ целата земја. Во рамките на оваа програма, секој доброволен резервен војник ќе добие соодветна обука и оружје во случај на мобилизација, изјави Курти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џорџо Армани ќе биде погребан во кругот на семејството, во семејната капела во Ривалта
Следна Статија Се раѓа нов светски поредок: За што разговараа денеска лидерите на БРИКС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција

Спрскиот претседател Александар Вучиќ, вели дека е готово со протестите, за кои смета дека се платени однадвор. Кажа дека ќе…

February 16, 2025
БАЛКАН

Вучиќ го нагости Трамп Јуниор со прасе: Глупаво е да му нудиме шкампи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се пофали каков специјалитет спремиле за синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор.  Вучиќ му приреди…

April 27, 2025
БАЛКАН

Грција денеска парализирана од генерален штрајк

Без бродски и железнички сообраќај е денеска Грција поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите грчките синдикати на вработените во државниот…

October 1, 2025
БАЛКАН

Скандал ја тресе Грција: Свештеници вложувале во ноќни клубови, проневериле 3 милиони евра

Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?