Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од денес достапна – дигитална ризница на македонското историско наследство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Од денес достапна – дигитална ризница на македонското историско наследство
ЗАБАВА

Од денес достапна – дигитална ризница на македонското историско наследство

Објавено September 8, 2025 16:45
Сподели
Сподели

Денес започнува со работа “Mакедонска држава”,најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 поставени примероци на електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат повеќе од 150 години македонска историја, култура и поезија.

Зад платформата стои група млади ентузијасти и љубители на македонското културно наследство, кои во изминатиот период вложија многу труд за да ги соберат, дигитализираат и систематизираат достапните материјали од различни библиотеки, архиви, приватни збирки и јавни извори. Нивната визија е едноставна, македонската историја и култура да бидат зачувани и споделени со сите преку оваа дигитална архива.

„Македонска држава“ е замислена како постојано растечка дигитална архива чија цел е да ги поврзе истражувачите, учениците, професорите, новинарите и сите што ја негуваат љубовта кон македонската историја и култура во заедница што активно го чува и пренесува националното наследство. Со редовно додавање на нови содржини, платформата ќе се развива во сè побогата ризница на знаење и колективна меморија

Иако во моментов е достапна на англиски јазик, уште овој месец ќе ја добие и македонската верзија, а потоа и преводи на други јазици. Така, библиотеката ќе биде подеднакво корисна за граѓаните дома, за македонската дијаспора, но и за меѓународната јавност која сака да се запознае со македонската културна и историска традиција.

Посетете ја www.makedonskadrzava.com, истражете ја колекцијата и станете дел од движењето што ја чува македонската приказна за идните генерации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Службените возила, од утре, со регистарски таблички во друга боја
Следна Статија (ВИДЕО) Протести во Турција: Демонстрантите се судрија со полицијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Сопругата на Шумахер не знаела дека поранешниот сопруг е геј и има дечко

Летото Ралф Шумахер призна дека има љубовна врска со Етјен Буске-Казањ, а таа информација одекна низ целиот свет. Поранешната сопруга…

October 4, 2024
ЗАБАВА

Влатко Стефановски во Сплит доби признание за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory

Еден од најценетите гитаристи на овие простори Влатко Стефановски, во Сплит го доби признанието „Порин“ за животно дело, со што…

March 28, 2026
ЗАБАВА

На 90-годишна возраст почина актерот Ричард Чембрлен

Актерот Ричард Чембрлен почина на 91-годишна возраст, пренесува Variety. Неговата смрт ја потврди публицистот Харлан Бол, велејќи дека актерот починал…

March 30, 2025
ЗАБАВА

Честер – малиот англиски град што ги победи Венеција и Лондон за титулата „најубав град во светот“

Кога ќе помислиме на најубавите градови, честопати на ум ни паѓаат сликите на Венеција, Рим или Париз. Но, вистинската архитектонска…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?