Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Винс Картер влезе во Куќата на славните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Винс Картер влезе во Куќата на славните
СПОРТ

Винс Картер влезе во Куќата на славните

Објавено October 15, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Кошаркарската Куќата на славните во американскиот Спрингфилд доби 13 нови членови, а најпознатото име меѓу нив е најдобриот забивач на сите времиња Винс Картер, човек чија НБА кариера траеше четири децении, од 1999 до 2020 година, односно 22 сезони.

Иако никогаш не станал НБА шампион, Ер Канада бил осумкратен Ол-стар, а во 2000 година победи на натпреварот во забивање кој сè уште се памети како најдобрата изведба на шоуто досега.

Тој беше првата суперѕвезда на Торонто Репторс, кариерата ја заврши со 25.728 поени и моментално е на 21-то место на вечната листа на стрелци. Покрај Торонто, тој играше и за Њу Џерси Нетс, Орландо Меџик, Феникс Санс, Далас Маверикс, Мемфис Гризлис, Сакраменто Кингс и Атланта Хокс.

Како и да е, тој влезе во Куќата на славните како Раптор, затоа што секој играч мора да ја избере франшизата што ќе ја претставува и стана првиот претставник на единствениот канадски НБА клуб меѓу кошаркарските бесмртници.

Изминатите неколку недели Картер е во центарот на вниманието бидјќи Репторс и Нетс објавија дека ќе го повлечат неговиот дрес, а пред неколку дена беше објавено ќе работи во телевизијата ТНТ како аналитичар.

Заедно со него, класата 2024 ги вклучува и поранешните играчи Чонси Билапс, Мајкл Купер, Волтер Дејвис и Дик Барнет, тренерите Харли Редин, Бо Рајан, Чарлс Смит и Дау Колинс, Сејмон Августус, сопственикот на Индијана Пејсерс Херб Сајмон, а неодамна починатиот Џери Вест беше примен во Куќата на славните по трет пат.

Претходно влезе како играч во 1980 година и олимпиец во 2010 година, сега доби признание за неговиот посебен придонес во кошарката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затвореник е лицето кое пукало во Чаир, повредениот е од групата Грчец
Следна Статија Македонија помеѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Покажаа дека се вистински спортисти: Дури ни Италијанците не сакаат да играат на местото на Иран на СП

Италијанските спортски функционери го нарекоа денеска „срамен и нессодветен“ американскиот предлог Италија да го замени Иран на претстојното Светско фудбалско…

April 24, 2026
СПОРТ

Мбапе го израмни голгетерскиот учинок на Роналдо во дебитантска сезона во Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе го израмни постигнувањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо по број на голови во дебитантска…

March 30, 2025
СПОРТ

Вештачката интелигенција направи хаос на Вимблдон, Русинка директно оштетена за гем

Искусната руска тенисерка Анастасија Пављученкова се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон и покрај тоа што беше сериозно оштетена во клучните…

July 7, 2025
СПОРТ

Њукасл со играч помалку се врати од 0:2, но тинејџер во 100.минута погоди за триумф на Ливерпул (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар и голема победа за Ливерпул против Њукасл, со голот на тинејџерот Енгумоа, кој погоди во десеттата минута од…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?