Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Викендов пропадна голема пирамидална шема во Хрватска, илјадници останаа без своите животни заштеди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Викендов пропадна голема пирамидална шема во Хрватска, илјадници останаа без своите животни заштеди
БАЛКАН

Викендов пропадна голема пирамидална шема во Хрватска, илјадници останаа без своите животни заштеди

Објавено September 9, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Во Хрватска, по неколкугодишно функционирање, ненадејно пропадна платформата XUEX, која ветуваше лесна заработка преку криптовалути, оставајќи илјадници граѓани без дел или целосно без своите вложени средства. Платформата припаѓаше на EG Investment Group и претходно се срушила и во Србија и Албанија.

XUEX функционираше така што инвеститорите добиваа два сигнала дневно преку апликацијата, а средствата им растеа со секоја потврда. Првиот бран на корисници често ги подигнуваше парите и ги споделуваше успешните резултати со пријатели и семејство, привлекувајќи нови членови и создавајќи впечаток на легитимна заработка.

Колапсот започна кога ревизијата ја блокирала платформата, а корисниците веќе не можеа да ги повлечат своите инвестиции. Еден од лидерите на XUEX изјави дека исплатите ќе траат до август следната година и ги повика луѓето да се приклучат на нов финансиски проект, ветувајќи 50% од вложените средства.

Експертите предупредуваат дека ова е класична Понзи шема, каде новите вложувања се користат за исплата на претходните инвеститори, сè додека приливот на средства не опадне и платформата не банкротира.

Случајот сега е предмет на кривична истрага, а полицијата апелира дека не постојат брзи и лесни пари на легален начин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лекарите велат дека нема подобар зеленчук за срцето: Го има во секој дом, сите експерти го фалат
Следна Статија Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Изборите во 2026 година ќе бидат најважните во модерната историја на Србија, најавува Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Зрењанин изјави дека изборите во 2026 година ќе бидат најважните избори во модерната иднина на…

October 22, 2025
БАЛКАН

Брза железница до 2035 година меѓу Белград и Загреб, ќе се стигнува за четири часа

До 2035 година, Белград и Загреб повторно би можеле да бидат поврзани со брза железничка линија што ќе ја врати…

November 16, 2025
БАЛКАН

Објавени имињата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Објавени се имињата на петнасетемина загинати во несреќата во Нови Сад каде што падна настрешница на железничката станица. С.Ф. (2018)…

November 2, 2024
БАЛКАН

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, а со години не оделе на работа

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале…

March 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?