Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош
БАЛКАН

Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош

Објавено November 15, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Хрватските медиуми јавија утрово дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош, по што премиерот Андреј Пленковиќ свикал средба со коалициските партнери.

Премиерот го разреши Вили Берош од министерската должност, и ја назначи д-р Ирена Хрстиќ за државен секретар која ќе раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата на новиот министер, јавија медиумите во Хрватска.

Состанокот на коалицијата е во 10 часот.

По 11 часот очекувајте медиумска конференција на премиерот, соопштуваат од Владата.

Во 13 часот прес конференција закажаа и од Државното обвинителство.

Еден од осомничените лекари е шефот на Клиниката за неврохирургија КБ Сестри на милосрдни проф. д-р. Крешимир Ротим.

Хина јави дека приведувањата се поради наводно набавка на дуални микроскопи за неврохирургија, што наводно биле преплатени, а меѓу уапсените е и Роти.

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.

На адресата на министерот за здравство Вили Берош, како што објави Јутарњи лист, дошле со наредби за претрес.

Според првичните информации, истражителите освен министерот, цел се и неколку лекари, меѓу кои и директори на болници.

Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека „приведувањата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагите  што претходно ги спроведе УСКОК“.

Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела. По распитот на осомничените УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што благовремено ќе ја информира јавноста“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полиција утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош
Следна Статија Политичар во Јужна Кореја осуден за лажење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Кина ја вооружи Србија со ракети со дострел до 250 км, Загреб го алармира НАТО

Србија стана првата европска земја со кинески суперсонични ракети CM-400, потврди претседателот Александар Вучиќ на 14 март, откако аматерски фотографии…

March 14, 2026
БАЛКАН

„Диела“ сепак нема да биде дел од албанската влада

Албанскиот претседател Бајрам Бегај потпиша уредби за 16 од вкупно 17 министри во новата влада „Рама 4“, по предлогот на…

September 16, 2025
БАЛКАН

Меѓу загинатите во несреќата во Нови Сад има и еден жител на Македонија, кажа Вучиќ

Меѓу загинатите во големата несреќа која денеска се случи на железничката станица во Нови Сад има еден жител на Македонија,…

November 1, 2024
БАЛКАН

Вучиќ го доби спорот против Шпигел за „Сараево сафари“

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) наведува дека имал увид во одлуката на судот и пишува дека Покраинскиот суд во Хамбург донел…

June 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?