Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експлозија и „пепел“ – запален автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Експлозија и „пепел“ – запален автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе (ВИДЕО)
ХРОНИКА

Експлозија и „пепел“ – запален автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе (ВИДЕО)

Објавено September 9, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Ноќеска околу 3 часот по полноќ, запален и пеплосан бил автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина. Галетановски за „Слободен печат“ го потврди ова, објаснувајќи дека автомобилот му бил паркиран пред зградата во која живее во скопската населба Кисела Вода. Полицијата вршела увид, а самиот Галетановски го разбудил неговиот брат за да му каже дека автомобилот е во пламен и дека се слушаат експлозии од пукањето на гумите. Противпожарна екипа интервенирала и го изгаснала пожарот.

 

-Автомобилот е „пепел“. Ми се јави брат ми, вели – ти гори автомобилот, се слушаат експлозии, гумите пукаат. Се симнав долу, веќе беше пристигната противпожарна екипа, а лицето што го направило ова е видено како бега, слаб, висок со дуксер. Позната е траекторијата на движење на лицето. Ниту сум скаран со некого ниту пак некој ми се заканувал. Апелирам до МВР и министерот што побрзо да го фатат сторителот. Не ми е за материјалната штета, туку за животот во Кисела Вода, не сакам младите да живеат со вакви проблеми во населбата каде сакам да има мирен живот и во Скопје да не се случуваат вакви работи, изјави за „Слободен печат“ Галетановски. 

Извор: Слободен печат

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција
Следна Статија Макрон го откри својот клучен потег во наредните денови: Кое сценарио ја чека Франција?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно

Сведокот Ана Захариева, која на критичниот настан била гостин во „Пулс" во Кочани, на денешното рочиште за пожарот, во која…

April 20, 2026
ХРОНИКА

Службеници во Матично и МВР преку лажен упис на брак овозможиле жена да добие двоен идентитет и втор пасош

Матичари и советници во МВР овозможиле жена да добие двоен идентитет преку лажен упис за брак и издавање нов пасош.…

November 1, 2025
ХРОНИКА

Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково

Четири лица се тешко повредени откако возило се преврте утринава на обиколница во Волково. Информацијата за МИА ја потврди шефот…

April 5, 2025
ХРОНИКА

Четворица обвинети признаа вина во случајот „Штекли“ – за обвинетиот Раде Трајковски се бара соочување на психијатриски вештачења

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, четворица обвинети – Данчо…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?