Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанец е снимен како ја крши таблата на српскиот конзулат во Куманово, полицијата го бара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Албанец е снимен како ја крши таблата на српскиот конзулат во Куманово, полицијата го бара
ХРОНИКА

Албанец е снимен како ја крши таблата на српскиот конзулат во Куманово, полицијата го бара

Објавено November 29, 2024 21:12
Сподели
Сподели

Млад човек завиен во албанско знаме, вчера на прославата на Денот на албанското знаме во Куманово, од фасадата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, во доцните вечерни часови насилно ја отстранил таблата со грб на Република Србија и натпис „Конзулат на Република Србија во Куманово – почесен конзул“, напишан на српски и на македонски јазик, објави Телеграф.

Воедно, Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува длабока загриженост во врска со вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозувањето на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово, особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и станбените згради наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Република Србија, не се првпат предмет на вандализам во земјата.

Српската амбасада објави видео од надзорните камери на кое се гледа како млад човек ја крши таблата од зградата на Конзулатот.

Во оваа насока, Амбасадата посочува дека е целосно посветена на соработка со надлежните органи на Македонија, со цел што поскоро откривање и гонење на сторителот на насилниот чин, чиј идентитет, велат, може недвосмислено да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносните камери.

View this post on Instagram

A post shared by Serbia in North Macedonia (@srbinmk)

Амбасадата нагласува дека останува посветена на негување пријателски односи со Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат сѐ за овој случај да се реши на адекватен начин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Притворено лицето што го запали македонското знаме
Следна Статија Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возач загина откако излета од патот Битола – Демир Хисар

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за с.Драгарино, битолско,…

July 14, 2025
ХРОНИКА

Ја удирал сопругата пред ќерката: Обвинителство поднесе обвинение за обезбедувачот на премиерот

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинение за телесна повреда против обезбедувачот на премиерот…

May 8, 2026
ХРОНИКА

Четири лица затруени во базен на охридски хотел

Продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот почувствувале четирите лица кои вчера се затруле на базен во охридски…

January 20, 2026
ХРОНИКА

Запален автомобил на политичар во Битола, огнот зафатил уште две возила | ФОТО

Ноќеска на паркинг во Битола запалено е возило на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски. Огнот…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?