Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески на средба со извршниот директор на АФИ: Поттикнување на финансиската вклученост како предуслов за економскиот развој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески на средба со извршниот директор на АФИ: Поттикнување на финансиската вклученост како предуслов за економскиот развој
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески на средба со извршниот директор на АФИ: Поттикнување на финансиската вклученост како предуслов за економскиот развој

Објавено September 9, 2025 16:46
Сподели
Сподели

За време на Глобалниот форум на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), кој се одржува во Намибија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари средба со извршниот директор на АФИ, Алфред Ханиг. На средбата се разговараше за напорите на Народната банка за подобрување на пристапот до финансиски услуги, зголемување на финансиската писменост и промовирање на дигиталните финансиски канали.

„Финансиската вклученост е клучен предуслов за повисока економска активност и доход. Народната банка континуирано работи на олеснување на пристапот до финансии, заштитата на потрошувачите и промовирaњето на дигиталните и зелените финансии,“ истакна гувернерот Славески.

Според последните податоци од Светската банка, 84% од населението над 15 години во земјава поседува сметка, што претставува највисоко ниво во регионот на Западен Балкан. Користењето дебитни и кредитни картички расте, при што 76% од граѓаните ги користат за плаќања, а 62% од сопствениците на сметка вршат онлајн плаќања.

На средбата беше истакнато дека натамошното унапредување на финансиската вклученост, особено кај младите, жените и ранливите групи, е од стратегиско значење за економскиот развој и стабилноста на земјата.

Гувернерот Славески и извршниот директор на АФИ, Ханиг се согласија дека размената на искуствата и соработката меѓу централните банки и меѓународните институции ќе придонесе за натамошно зајакнување на финансиската вклученост и зголемување на довербата на населението во финансискиот систем.

АФИ е глобална мрежа за финансиска вклученост, која опфаќа централни банки и финансиски регулатори од 84 земји во светот, овозможувајќи размена на знаење и искуства, како и развој на ефективни политики за финансиска вклученост.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Весна Бејби ги „подбра“ градоначалниците: Цеца, Марија… со наши пари! Па генерализираат тоа сакала публиката!
Следна Статија Пожар во депонијата „Дрисла“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба на распределбата на земјоделското земјиште, вели Мицкоски

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со начинот на којшто се доделувало земјоделското земјиште,…

November 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Влада: Промените се очигледни, растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска

Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте…

June 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вредноста на доларот порасна по договорот Трамп-Си

Доларот порасна во однос на кошничка валути минатата недела втор пат по ред, дури и откако американската централна банка ги…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?