Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво

Објавено September 9, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4.4 проценти, а цените на мало за 4.1 процент. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август годинава, во однос на јули минатата година, изнесува 0.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Трошоците за храна во август 2025 во споредба со август 2024 година с еповисоки за 6,2 отсто.

Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Ресторани и хотели за 2.1 процент, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0.6 проценти, Рекреација и култура за 0.3 проценти и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 процент.

Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3.1 процент, Облека и обувки за 0.6 проценти, Здравје и Образование за 0.1 процент

Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во август во однос на јули годинава се намалени за 0,7 отсто.

Како што објави претходно ДЗС, месечната инфлација во јули годинава беше зголемена за 1,1 отсто, а годишната за 4,8 отсто, а во јуни годинава за 0,8 отсто за месечно, а за 4,5 проценти на годишно ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мардок го реши спорот со децата: Тројца добија по 1,1 милијарда долари, синот ја контролира медиумската империја
Следна Статија Од полноќ поскапуваат горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Виз Ер“ со летови: До Скопје од Будимпешта и Наполи, до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

  Со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе…

September 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

АЕК го продолжи рокот за конечна одлука за трет мобилен оператор, сега е 12 јануари идната година

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) информира дека ги продолжи роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а…

November 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се очекува ценовна и финасиска стабилност: Средба на Сиљановска-Давкова со Ангеловска-Бежоска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ја информираше за економските состојби и очекувања, согласно…

January 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ги решаваме проблемите од минатото, со засилено темпо работиме на автопатот Охрид-Кичево

Со засилено темпо работиме на автопатот Охрид – Кичево, објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Забрзано…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?