Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марта Кос за Србија: Далеку се од членство во ЕУ, стојат реформите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Марта Кос за Србија: Далеку се од членство во ЕУ, стојат реформите
БАЛКАН

Марта Кос за Србија: Далеку се од членство во ЕУ, стојат реформите

Објавено September 9, 2025 17:54
Сподели
Сподели

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за австрискиот „Клајне Цајтунг“, изјави дека првите нови членки од регионот, Црна Гора и Албанија, би можеле да се приклучат на ЕУ околу 2028 или 2029 година, додека за Србија испрати многу повнимателна порака.

„Проширувањето сега има сосема нова динамика, бидејќи е приоритет на ЕУ, но и поради променетата геополитичка ситуација. Црна Гора има за цел да ги заврши преговорите до крајот на 2026 година, а потоа би следувала одлука од страна на шефовите на држави и ратификација. Така, пристапувањето би било можно до крајот на деценијата. Албанија би можела да дојде малку подоцна“, рече Кос, објави „Клајне Цајтунг“.

Кога станува збор за Србија, Кос нагласи дека напредокот е речиси непостоечки во клучните области.

„Реформите напредуваат многу бавно, особено кога станува збор за владеењето на правото, слободата на медиумите и изборното законодавство“, истакна таа.

Таа додаде и дека поддршката за членство во ЕУ меѓу српските граѓани е само 33 проценти, што е далеку под регионалниот и просекот на ЕУ.

За разлика од соседите, Србија практично е на место. Кос нагласи дека пристапувањето ќе зависи исклучиво од политичката волја и спроведувањето на реформите, и дека сегашните сигнали од Белград не се оптимистички.

Комесарката смета дека процесот на проширување не може да се сведе само на ветување за членство за десет или петнаесет години. Според неа, земјите-кандидатки мора да ги почувствуваат придобивките многу порано – преку воведување на заедничката зона за плаќање SEPA, поевтин роаминг или подобра поврзаност на транспортните коридори.

„Мораме да им понудиме на земјите повеќе од само перспектива, но тоа не значи делумно членство, туку конкретни придобивки преку партнерство“, рече Кос, пренесе „Клајне Цајтунг“.

Кос призна дека во регионот постојат стравувања дека Украина и Молдавија имаат „брз пат“ кон ЕУ, но нагласи дека тоа се базира на околностите на војната и геополитичката ситуација.

„Во Босна и Херцеговина чекаме една година само на имињата на главните преговарачи. Тоа е прашање на политичко лидерство. Во Албанија, на пример, 91 процент од населението е за ЕУ ​​и сите партии ја поддржуваат интеграцијата“, рече Кос.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И за дневница од 2700 денари нема берачи на јаболка, во Преспа се чекаат работници од Албанија
Следна Статија Хајрулахи : Категорично ги отфрлам сите наводи од денешното обвинение, ниту сум малтретирал ниту сум навредувал некого

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грчка европратеничка: „Јас сум вистинска Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје, нивниот јазик е бугарски дијалект“

Серија навредливи пораки беа испратени вчера на пленарната седница на Европскиот парламент на која се дебатираше за Извештајот за напредокот на…

July 9, 2025
ПОЛИТИКА

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

Во соседна Србија запленета е огромна количина од 5 тони дрога која дошла од Македонија. Косопственик на Македонска фирма е…

February 2, 2026
БАЛКАН

Европските лидери немаат план за брз прием на Украина и земјите од Западен Балкан во втората лига на ЕУ

Ништо од брзиот прием на Украина во ЕУ а со тоа и на земјите од Западниот Балкан. Како што пишува…

March 6, 2026
БАЛКАН

Дали се затвора кругот околу мрежата на Додик: Покрај семејството го стави на црна листа и целото раководство на РС

Соединетите Држави постојано воведуваат санкции за поединци и ентитети од Република Српска поврзани со Милорад Додик. Кон крајот на минатата…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?