Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје е Монти Пајтон метропола со макадам улици, без јавен превоз, со кучиња скитници и како врв на сѐ – со истепана градоначалничка, вели Марковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Скопје е Монти Пајтон метропола со макадам улици, без јавен превоз, со кучиња скитници и како врв на сѐ – со истепана градоначалничка, вели Марковски
ПОЛИТИКА

Скопје е Монти Пајтон метропола со макадам улици, без јавен превоз, со кучиња скитници и како врв на сѐ – со истепана градоначалничка, вели Марковски

Објавено September 10, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Деканот на Градежен факултет и кандидат за градоначалник на Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“, Горан Марковски, во интервју за порталот „Локално“ вели дека Скопје е град со хронични слабости, односно „Монти Пајтон“ метропола.

Поради тоа оценува дека скопјани веќе немаат време за губење и чекање и не смеат да ја прокоцкаат понудената независност.

Деканот наведува дека градењето во главниот град треба да се регулира, не да се сопре. Според него, мораториумот е популистичка мерка која кога-тогаш пропаѓа.

– И да не биде дека само критикувам, сега само ќе споменам дека во програмата која ќе следи ќе бидат наведени неколку мерки со кои многу брзо ќе се воведе ред во оваа моментално де-регулирана дејност, вели тој во интервјуто.

Марковски за Скопје вели дека е град со хронични слабости.

– Главен град на држава во XXI век со проблеми од XIX век. Со недостиг на вода за пиење, расфрлано ѓубре, дивоградби, прашина на сите страни, диви и запалени депонии, непрочистени отпадни води, макадам улици, без јавен превоз, со кучиња скитници, непрегледани мостови и како врв на сѐ – со истепана градоначалничка. Монти Пајтон метропола. Европска престолнина на трагикомедијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шукова: Образованието е иднината, имаме план за финансиски стабилни училишта, мотивирани наставници и современи програми за учениците
Следна Статија Тоше Проески се појавува во филм со Џорџ Клуни и со Никол Кидман (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Манасиевски: Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност

Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Република Македонија,…

May 31, 2025
ПОЛИТИКА

Ердоган доаѓа во Македонија!?

Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција и еден од највлијателните политичари во регионот доаѓа во Македонија , дознава Трендинг.мк. Според…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Екс заменик-министерот Колемишевски: СДСМ ќе изгуби над 80 отсто од општините што ги контролираше во 2021 година 

Во историјата на секоја сериозна партија, особено на оние што го носеле товарот на државноста, доаѓа момент кога не е…

July 22, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачки: Политичарите лешинари од ДУИ и остатоците од Алијанса – изгубени во време и простор, плукаат по оние што ја чуваат државата!

Ги следам објавите од штабот на Али Ахмети и од партијата на узурпаторот Зијадин Села. Запрепастен сум од безобразието со…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?