Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката
ЕКОНОМИЈА

Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката

Објавено September 10, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката е целта на Меморандумот за соработка кој го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

„Со меморандумот за соработка се гради платформа за приоритетно постапување по предметите што се од областа на енергетиката. РКЕ и ДПИ по надлежност се упатени една кон друга во својот опсег на работа. Секој пат кога имаме индиции на атипично однесување на компаниите во секторите кои ги регулираме, алармираме до ДПИ да излезе на терен и да ја утврди реалната состојба. Од друга страна пак, ние поведуваме соодветни постапки по информација од ДПИ, секој пат кога констатираат нерегуларности. Нашето заедничко делување има за цел освен да ги заштити потрошувачите, во исто време и да делува корективно спрема носителите на лиценци. Токму неодамна РКЕ отпочна постапка за одземање лиценца на една нафтена компанија кај која ДПИ по вонреден инспекциски надзор констатира дека не се задоволени минимално- техничките услови за работа согласно Правилникот. Во овој момент работиме на лиценцирање на најголемите нафтени компании, кои по 20 години ги продолжуваат лиценците. Станува збор за комплексен процес, во кој се неопходни заеднички активности на РКЕ и ДПИ – се со цел да се констатира фактичката состојба на терен и дали законските услови се исполнети“ посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Од ДПИ и РКЕ најавија дека во периодот што следува фокусот ќе биде насочен кон контролата на условите за работа на лиценцираните компании се со цел обезбедување непречено функционирање на енергетскиот пазар и заштита на потрошувачите.

„Во изминатите осум месеци, Државниот пазарен инспекторат изврши над 80 надзори во трговијата на мало и трговијата на големо со нафтени деривати, а во однос на квалитетот на нафтените деривати на пазарот во Македонија, земени се над 150 примероци за лабораториска анализа за квалитетот на истите. Истовремено се издадени 16 решенија за привремена забрана за вршење дејност по однос на неверифицирани мерила. ДПИ во соработка со РКЕ, ќе го зголеми надзорот над трговците на големо со нафтени деривати и други енергенси во однос на исполнувањето на услови за вршење на трговија на големо, задолжителните резерви кои трговците имаат обврска да ги чуваат, трговијата преку склад и сл. Како Државен пазарен инспекторат најавуваме продолжување со строгите контроли и мерки за несовесните трговци во вршењето на трговија со нафтени деривати и други енергенси“, изјави Влатко Стојкоски, директорот на ДПИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на нафтата пораснаа по нападот на Израел врз територијата на Катар
Следна Статија Макрон го назначи министерот за одбрана Лекорну за петти француски премиер за помалку од две години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

May 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Исплатени 23,5 милиони евра на граѓаните од Првата граѓанска обврзница

Министерството за финансии денеска објави дека успешно е завршена исплатата на главницата и каматата за првата граѓанска обврзница, издадена во…

July 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со Герет Томас разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Велика Британија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски во рамки на дводневната посета на високо ниво на Обединетото Кралство…

April 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕУ одобри 6 милијарди евра за раст на Западен Балкан: Македонија добива 750 милиони евра

Реформските агенди на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?