Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, Тошковски најави зајакнување на капацитетите за безбедност во сообраќајот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, Тошковски најави зајакнување на капацитетите за безбедност во сообраќајот
МАКЕДОНИЈА

23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, Тошковски најави зајакнување на капацитетите за безбедност во сообраќајот

Објавено September 10, 2025 13:06
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми.

„Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – партнерство кое континуирано придонесува за подигање на нивото на сообраќајна безбедност. Ваквиот пристап е доказ дека заедништвото и координацијата меѓу институциите носат конкретни резултати за граѓаните, во овој случај за подобрување на безбедноста на патиштата.“, потенцираше министерот Тошковски.

„Во рамките на редовните активности за модернизација, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет и оваа година наменува дел од средствата за опремување на организациските единици на МВР задолжени за сообраќајна контрола. Опремата се состои од 23 мотоцикли во полициска изведба со комплетна мотоциклистичка опрема (одела, чизми, ракавици и кацига) во вкупна вредност од 11.950.027 денари со што значително се зајакнуваат капацитетите за регулирање и безбедност во сообраќајот. Овој пример уште еднаш ја докажува вредноста на меѓуинституционалната соработка.“, истакна претседателот на РСБСП Ангеловски.

Министерот Тошковски и претседателот Ангеловски се сложија дека и во иднина ќе продолжи соработката помеѓу РСБСП и МВР на високо професионално ниво – Безбедноста во сообраќајот е наш важен приоритет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ќерка ми не ја зеде болеста, туку погрешната терапија, а ја лекуваше Нино Васев“, сведочење на мајката на починатата Адријана Начевска
Следна Статија Хаос на улиците на Франција: Досега уапсени над 200 демонстранти, полицајците гаѓани со камења (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово „Соколана“

Владата ќе одвои 700.000 евра за реконструкција на кумановска „Соколана“, информираше денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој заедно со…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден од повредените раскажа детали за кобната ноќ во Кочани (ВИДЕО)

Роберт Божинов, еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред камерата на „Супорт Кочани“ раскажа што…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите

Реализацијата на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигураат квалитетната и навремена реализација на…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Свесен сум дека граѓаните се против Бугари во Устав, но тоа од нас го бара ЕУ

Ја разбирам пораката од граѓаните кои и на изборите покажаа дека се против францускиот предлог но тоа е барање кое…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?