Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лекари од „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ ќе се ангажираат во јавно здравство, потпишан Меморандум за соработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Лекари од „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ ќе се ангажираат во јавно здравство, потпишан Меморандум за соработка
ЗДРАВЈЕ

Лекари од „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ ќе се ангажираат во јавно здравство, потпишан Меморандум за соработка

Објавено September 10, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги посети трите најголеми приватни здравствени установи во земјава – „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ – со цел потпишување заеднички Меморандум за соработка.

Со овој меморандум се воспоставува рамка за соработка помеѓу Министерството за здравство и приватните здравствени установи, со која ќе се овозможи ангажирање на здравствен кадар – специјалисти од приватниот сектор во јавните здравствени установи, во случаи на зголемени потреби, недостиг на кадар или други приоритетни здравствени барања.

Законоското функционирање на сите здравствени установи, како јавни, така и приватни – е наш највисок императив. Целта е врвниот потенцијал на здравствениот систем да се стави на располагање на пациентите, преку мапирање и ставање на потребните ресурси во интерес на граѓаните,“ истакна министерот Алиу.

Меморандумот предвидува Министерството тековно да ги идентификува јавните здравствени установи со потреба од дополнителен кадар, да обезбеди административна и правна поддршка, како и да ја координира соработката. Од друга страна, приватните здравствени установи се обврзуваат да обезбедат квалификуван здравствен кадар кој ќе биде ангажиран под јасно утврдени услови и во согласност со етичките и професионалните стандарди.

Со овој чекор, Министерството за здравство го унапредува партнерството со сите здравствени капацитети во државата, со крајна цел – подобрување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за пациентите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хаос на улиците на Франција: Досега уапсени над 200 демонстранти, полицајците гаѓани со камења (ВИДЕО)
Следна Статија Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во кочанската болница

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за…

June 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФДА одобри пилула за намалување на телесната тежина Вегови

Вегови станува прва таква пилула одобрена, проширувајќи ги лековите за намалување на тежината надвор од инјекциите.

December 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот

За онколошките пациенти во државава во моментов недостига само еден лек – „палбоциклиб“, терапија која ја примаат 142 од вкупно…

April 4, 2026
ЗДРАВЈЕ

ДЗСИ: Парична казна за д-р Игор Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца

По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?