Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за црвените линии на Филипче: И комита и јаничар во исто време не може
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски за црвените линии на Филипче: И комита и јаничар во исто време не може
ПОЛИТИКА

Мицкоски за црвените линии на Филипче: И комита и јаничар во исто време не може

Објавено September 10, 2025 17:18
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ предлага декларација за национален консензус за европската интеграција, а истовремено тврди дека „во ниту еден документ не се загрозени националните интереси, ниту е направено предавство“. Зошто е потребна нова декларација ако ништо не е загрозено?, беше шрашан премиерот Мицкоски во интервуто за „Дојче Веле“

Проблемот е што Венко Филипче и оваа гарнитура на СДСМ го загубија кредибилитетот да зборуваат за црвени линии, откако претходно нема црвена линија што не ја пречкртаа. Прво самите поддржаа декларација што гарантираше непромена на името, па потоа го сменија. Веднаш потоа рекоа „ајде на референдум за името“, а потоа не ги признаа резултатите откако тој пропадна. Потоа се обврзаа на декларација за заштита на националните интереси пред бугарските барања – нешто што го предложи ВМРО-ДПМНЕ – и на тацна го донесоа францускиот предлог, а Филипче го бранеше дека тоа е најдоброто нешто за државата. Воедно, тука има и едно лицемерие. Од една страна Филипче се опкружува со некакви црвени линии, а во исто време вели дека промената на Уставот, каква што е содржана во францускиот предлог, е најдоброто нешто за државата. Тогаш зошто му се црвени линии? Сакам да кажам дека и комита и јаничар во исто време не може. Неговата партија се наоѓа во тотална безидејност и на оваа негова идеја гледам како на обид да наметне тема што би привлекла внимание. Но залудно. Еве го повикувам со нетрпение да ги видиме неговите црвени линии.

Изјавата на Филипче дека „го прифатиле францускиот предлог затоа што таков дошол подготвен од ЕУ и било јасно дека друга шанса нема да имаме“ не зборува добро за нашата дипломатија. Може ли да се гради државна позиција во стилот „дај што ќе дадеш“, или пак со предлогот „ако се случи ново вето, да ги прекинеме преговорите со ЕУ“?

Не мислам дека ниту ан-блок прифаќањето на францускиот предлог, ниту прекинот на преговорите со ЕУ е добро решение за иднината на државата. Тоа за мене е капитулација и неодговорно пред граѓаните. Нашата задача е да се бориме за нашите државни позиции и да ги убедуваме дека потребно е дијалогот да биде двонасочна улица. Дека ако од нас бараат нешто, тогаш и Бугарија треба да испорача. Тие мора да ги исполнат своите обврски согласно европските и светските конвенции за заштита на малцинските права. Во тој дух, неопходно е да се обезбеди и место за претставник на македонското малцинство во Советот за малцински права, како што е пропишано со меѓународните стандарди и принципи за еднаквост, а ние да ги заштитиме нашите интереси. Инаку, најлесно е да се потпише нешто за што подоцна би имале реперкусии илјадници граѓани со децении, или да се прекинат преговорите без да се обидеме да понудиме иднина за нашите деца. Затоа мора да се однесуваме одговорно и дораснато за целите што сакаме да ги постигнеме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Краделе бакар и предизвикале пожар- кривични пријави за малолетник и уште двајца кумановци
Следна Статија Чадот од депонијата Дрисла, го угуши Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Јорданов прогласи победа во Штип: Испишавме историја за нашиот град

Актуелниот градоначалник на Штип и кандидат за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Иван Јорданов прогласи победа. -Штип направи вистински…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски-Вучевиќ: Силно го поддржуваме заедничкиот пат кон ЕУ, неопходно е да работиме за стабилност и безбедност на целиот регион

Споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, семејни врски и, најважно од…

October 7, 2024
ПОЛИТИКА

Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата

Говорејќи за активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски на денешната трибина „100% за тебе“ насловена…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски тврди дека немало напад врз ексновинарот Владимир Перев

Апсолутно отфрлам дека каков било напад е направен врз ова лице – изјави премиерот Христијан Мицкоски говорејќи за нападот врз…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?