Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штета од скоро 1,67 милијарди денари: Кривична пријава за двајца поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Штета од скоро 1,67 милијарди денари: Кривична пријава за двајца поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци
ХРОНИКА

Штета од скоро 1,67 милијарди денари: Кривична пријава за двајца поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци

Објавено September 11, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Пријавените предизвикале штета од скоро 1,67 милијарди денари, од кои речиси 99 милиони денари штета за Буџетот на Република Македонија.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе кривична пријава против лицата Г.К. и А.Ц., поради основано сомнение дека извршиле кривични дела Намерно предизвикување на стечај (член 254 став 1 од Кривичниот законик) и Оштетување или повластување на доверители (член 257 став 3 во врска со став 1 од КЗ).

Според собраните докази, првопријавениот Г.К. како управител на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци, во периодот од 21.01.2019 до 05.05.2023 година, и второпријавениот А.Ц. во својство на управител, во периодот од 21.01.2019 до 14.10.2022 година, на 02.12.2021 година склучиле договори со компанијата „Арров Металс Енд Трејдинг АГ“ – Швајцарија, со кои го довеле друштвото во исклучително неповолна положба. Договорите предвидувале обврска „Еуроникел Индустри“ да ја купува никеловата руда по берзанска цена, а да го продава готовиот производ – фероникел, по цена најмалку 30 проценти пониска од берзанската, со што практично целокупната добивка се пренесувала кон странската компанија.

Дополнително, пријавените без преземање мерки за наплата на побарувањата, му овозможиле на „Арров Металс Енд Трејдинг АГ“ да се презадолжи, при то до крајот на 2022 година долгот достигнал 1.962.633.269,46 денари. Поради тоа, „Еуроникел Индустри“ бил доведен во неликвидна состојба и била отворена стечајна постапка. Свесното пропуштање да се заштити имотот на компанијата дополнително му овозможило на странскиот партнер засметување на пенали во вредност од 1.255.832.929,00 денари.

Со ваквите дејствија, според наодите на Управата за финансиска полиција, пријавените намерно предизвикале стечај на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци и предизвикале вкупна штета од 1.669.019.482,00 денари, од кои 98.981.806,00 денари штета за Буџетот на Република Македонија.за Буџетот на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вардариште доби обезбедување, Дрисла уште чади, но се пушта пена од ер-трактор
Следна Статија Обвинителството за Вардариште го гони „старо купујем“ оти собирал железо ама немал фирма, а за Дрисла никого оти немало пријава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во несреќен случај загина 46-годишен камионџија од Желино

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од село Горњане кон село Блаце, камион…

April 23, 2025
ХРОНИКА

Пронајден починат маж во парк во Карпош, наредена обдукција

На 19 април 2025 година, во 06:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк на подрачјето на Карпош…

April 20, 2025
ХРОНИКА

Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица

Рано утринава околу 02.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, патничко…

December 21, 2024
ХРОНИКА

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева

Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева. На…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?