Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати
ПОЛИТИКА

Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

Објавено September 11, 2025 14:46
Сподели
Сподели

Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на брифинг со новинарите.

Филипче потенцираше дека ова е потврда за она што СДСМ го алармира веќе цела година – дека Владата нема никаква намера да ги заштити граѓаните, ниту да балансира меѓу интересите на големите трговски синџири и потребите на обичниот народ.

Практично, вчера власта им порача на граѓаните – оставени сте сами на себе,“ истакна Филипче.

Според него, станува јасно дека актуелната власт е или премногу занесена од чувството на моќ или сосема ја изгубила врската со реалноста. А реалноста, како што посочи, е дека стандардот на граѓаните е драматично срушен.

„Оставија инфлацијата целосно да ги срози платите. Заштитувајќи ги интересите на блиски бизнисмени, дозволија цените едноставно да дивеат,“ кажа Филипче.

На тврдењата на премиерот Мицкоски дека „инфлацијата значително забавува“, Филипче остро возврати: „Тоа не е вистина. Статистиката не лаже – Македонија има инфлација меѓу највисоките во Европа. Додека просечната инфлација во ЕУ е 2.1%, кај нас во август е 4.4%, двојно повисока.“

Филипче предупреди дека ценовниот раст не запира. Само во август, во споредба со истиот месец лани, цените на храната пораснале за 6.7%, а овошјето и зеленчукот за над 11%.

„Синдикалната потрошувачка кошничка за август е над 65.000 денари. А оваа влада е единствената во регионот која на ваков раст на цени реагира со игнорирање,“ посочи тој.

Додека во Албанија минималната плата од следната година ќе биде 500 евра, а во Србија се планира зголемување на 550 евра, само македонските граѓани остануваат заглавени во сиромаштија поради, како што рече, политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова нема никаква врска со трета или четврта економска сила, како што сака Мицкоски да прикаже. Ова е само доказ за неспособноста и незаинтересираноста на владејачката коалиција да им помогне на граѓаните,“ истакна Филипче.

Тој ја заклучи изјавата со порака дека веќе дури ни пропагандата на Мицкоски не верува во приказните за економски успех.

„Граѓаните се тие што најдобро знаат како живеат. Едноставно, не можат да врзат крај со крај во текот на месецот“.

СДСМ ја повика Владата да престане со игнорантноста и веднаш да донесе сет на конкретни и ефикасни економски мерки за помош на граѓаните.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се реконструираат 7 операциски сали, блокот за патологија, биохемија и целосно опремување на ГОБ „8 Септември“ по најмодерни стандарди
Следна Статија Николоски за реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“: Граѓаните ќе добијат најмодерна болница, а лекарите современи услови за работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче предложи концепт за нов општествен и политички дијалог: Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани,…

April 2, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Фон Дер Лајен: Посветени сме на европскиот пат, но очекуваме да не се соочуваме со барања спротивни на вредностите на ЕУ

Остануваме посветени на патот кон полноправно членство во ЕУ, но очекуваме ЕУ да ги уважи легитимните барања на граѓаните дека…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на вчерашниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди тврди дека Груевски побегнал во Унгарија со автомобилот на Ахмети

Бујар Османи се сретнал со Груевски во Будимпешта, доказите наскоро ќе излезат во јавноста. Бујар Османи не само што бил…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?