Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кој е Мирослав Лабудовиќ, кандидат на ЗНАМ за Центар: Верува во духот на маалскиот живот и во едноставно решавање на проблемите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кој е Мирослав Лабудовиќ, кандидат на ЗНАМ за Центар: Верува во духот на маалскиот живот и во едноставно решавање на проблемите
ПОЛИТИКА

Кој е Мирослав Лабудовиќ, кандидат на ЗНАМ за Центар: Верува во духот на маалскиот живот и во едноставно решавање на проблемите

Објавено September 12, 2025 09:09
Сподели
Сподели

Мирослав Лабудовиќ е кандидат за градоначалник на Општина Центар од партијата ЗНАМ – За наша Македонија. Роден во Дебар Маало, растен во Центар, со Миро, како што нагалено го викаат пријателите и блиските, поразговаравме за работите кои му се порив во животот, што е она што го прави среќен, за неговото хоби, за кого навива во фудбал.

Contents
  • Кој е Мирослав Лабудовиќ? Како би се опишале себеси во неколку реченици?
  • Спомнавте дека сте „центарско дете“ и дека практично целиот живот го имате поминато во таа општина. Што Ве мотивираше да се кандидирате за градоначалник?
  • Во неколку наврати го спомнавте маалскиот живот. Кое Ви е омилено катче во Центар?

Кој е Мирослав Лабудовиќ? Како би се опишале себеси во неколку реченици?

– Јас сум сопруг, татко, центарец, електроинжeнер и вљубеник во едноставните задоволства. Мојот свет пред сè, се врти околу двете прекрасни близначиња и мојата сопруга, кои се мојата најголема радост и сила. Моите деца – нивната љубопитност и искреност секојдневно ме учат дека малите и едноставни нешта го прават животот убав. Уживам првото утринско кафе да го испијам дома со сопругата. Тоа се нашите моменти за разговори, планови, шегување што ми дава енергија да го почнам денот.

Роден сум и пораснав во Центар, и верувам дека токму тој дух на маалски живот ме направи човек каков што сум денес – отворен, директен и верен на вистинските вредности. Растев учејќи дека богатството не е во материјалното, туку во тоа да бидеш чесен, посветен, верен на семејството и пријателите и токму тие принципи ме водат низ животот.

По професија сум електроинженер, што ме научи да бидам практичен и прецизен, но верувам дека она што е најважно кога станува збор за работата е истрајноста, посветеноста и искрената намера сè што се работи да се направи како што треба и до крај. Не знам да живеам во комфорна зона, и можеби затоа постојано барам нови предизвици.

Спомнавте дека сте „центарско дете“ и дека практично целиот живот го имате поминато во таа општина. Што Ве мотивираше да се кандидирате за градоначалник?

– Во Центар е моето срце, во Центар е мојот дом. Роден сум во Дебар Маало, а растев и се образував во Центар. Тука учев како изгледа вистински маалски живот, тука стекнав пријателства што траат цел живот. Центар за мене никогаш не бил само место, тој е дел од мојот идентитет.

Разочаран сум од тоа како денес изгледа нашата општина. Имам чувство како хаосот да ја изеде душата на Центар. И токму тоа чувство ме натера да направам нешто конкретно бидејќи не можам да останам на страна – рамнодушен и нем. Мојата цел е едноставна: Центар да му се врати на граѓанинот. Сакам нашите деца да растат во Центар каков што јас го паметам – зелен, чист, со топлина и заедништво. Јас искрено верувам дека можам да ги променам работите на подобро, инаку воопшто не би ни влегувал во оваа приказна.

Во неколку наврати го спомнавте маалскиот живот. Кое Ви е омилено катче во Центар?

– Тоа дефинитивно е Лондон маало. Таму пораснав, таму ги стекнав првите другари, таму живеам денес, таму растат моите деца. Секојдневието тука има свој ритам – разговори пред зграда, спорт со другарите, поздрави од соседите.

Јас силно верувам во маалскиот живот бидејќи мислам дека има огромно значење врз квалитетот на живот и на децата, но и на возрасните. Помага да се стекнат многу корисни навики на заедништво, поддршка, несебичност. Затоа особено сум среќен што ние успеавме да го задржиме тој дух заедно со моите соседи, а сега на тој начин ги воспитуваме и нашите деца.

Секако, приврзан сум и за Дебар Маало, каде што се родени мојот татко, мојата баба и нејзините баби и дедовци. Моите корени се нераскинливо поврзани со ова маало кое е заштитен знак и симбол на Скопје. Уживам и во Градскиот парк, особено на опуштени прошетки со семејството и пријателите – катче каде може да се здивне од скопскиот метеж.

Повеќе на Плусинфо

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјани со денови се трујат, горењето на Дрисла е сериозна опасност за уште поголема катастрофа, велат од СДСМ
Следна Статија Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Бутел ќе добие кружен тек, пробивање на нови улици, мега парк и уште многу други проекти

Кружен тек на крстосницата на улиците Бутелска и Александар Урдаревски, мегапарк кај булеварот Христијан Тодоровски Карпош каде што исто така…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија

Во вчерашна емисија Заспиј ако можеш, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, изрази јасен став во однос на писмата на Али…

October 30, 2024
ПОЛИТИКА

Меџити: Започна уривањето на империјата на брзите кредити

Еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, на социјалната мрежа Фејсбук истакнува се дека започнало уривањето на империјата на брзите…

May 25, 2026
ПОЛИТИКА

Oткако го шитнаа името, Зорица Заева во Фурка пеела песни од Антонис Ремос

Ставрос Цимас, познат грчки новинар во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ открива низа малку познати детали поврзани со Зоран…

June 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?