Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗА ТЕНДЕРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА НЕПОТКУПЛИВАТА ДИЕЛА: Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ЗА ТЕНДЕРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА НЕПОТКУПЛИВАТА ДИЕЛА: Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција
БАЛКАН

ЗА ТЕНДЕРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА НЕПОТКУПЛИВАТА ДИЕЛА: Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Објавено September 12, 2025 09:28
Сподели
Сподели

Албанската Влада, прва во светот, ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција. Таа е 17-член на новиот владин кабинет „Рама4“.

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела.

Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави дека Диела, што на албански значи Сонце, ќе ги води и доделува сите јавни тендери, за што Владата ангажира приватни компании.

– Диела е првиот член на кабинетот, кој не е физички присутен, туку е виртуелно создаден со вештачка интелигенција. Таа ќе ја претвори Албанија во земја каде што јавните тендери ќе бидат 100 проценти ослободени од корупција. Новата министерка задолжена за јавни тендери нема да биде поткуплива, нема да може да ѝ се заканува некој ниту некој да ѝ се додворува. И тоа е затоа што Диела, е бот генериран со вештачка интелигенција, наведе Рама, претставувајќи го својот нов кабинет.

Јавните тендери долго време се извор на корупција во земјата. Таквата слика го отежна пристапот на Албанија кон ЕУ, што Рама сака да го постигне до 2030 година.

Политичките аналитичари го сметаат ова за амбициозно. Владата не наведе дали Диела ќе биде следена од луѓе или како ќе се отстрани ризикот од можна манипулација.

Диела беше претставена претходно оваа година како виртуелен асистент со вештачка интелигенција на платформата е-Албанија за добивање владини документи.

Многумина не веруваат во неа. „Дури и Диела ќе биде корумпирана во Албанија“, коментираше еден корисник на Фејсбук. „Кражбите ќе продолжат, а Диела ќе биде обвинета“, додаде друг.

Конститутивната седница на новиот законодавен дом избран на 11 мај, е закажана за утре. Следниот ден Рама го доставува Предлог-составот на новата влада до шефот на државата, кој пак во рок од седум дена треба да потпише уредба за нејзино одобрување. Потоа во рок од 10 дена ќе бидат ставени на гласање во Собранието, што ќе биде само формално, бидејќи социјалисти имаат 83 од вкупно 140 пратеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се омажи пејачката Дани Димитровска (ФОТО)
Следна Статија Ѓоргиевски за сообраќајниот хаос во Скопје: Имам јасна визија и план како чекор по чекор да се најде излез од оваа катастрофална состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Најпопуларниот бугарски актер Филип Буков даруваше крв за повредените во Кочани

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со својот гест на поддршка за повредените во трагичниот пожар во Кочани,…

March 22, 2025
БАЛКАН

Прв случај на метапневмовирус во Грција, надлежните смируваат дека нема простор за паника

Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус ХМПВ, како што објавија медиумите, кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран,…

January 8, 2025
БАЛКАН

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во…

September 9, 2025
БАЛКАН

Белград: Десетици трактори паркирани околу Претседателството 24 часа пред големите протести, за што ќе се користат?

Неколку десетици трактори утрово беа паркирани пред Пионирскиот парк во Белград, во близина на местото каде веќе осум дена престојува…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?