Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Полјаците се до гуша во војна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Полјаците се до гуша во војна
СВЕТ

Орбан: Полјаците се до гуша во војна

Објавено September 12, 2025 18:19
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан присуството на руските дронови во воздушниот простор на Полска го нарече неприфатливо, но додаде дека таквиот развој на настаните бил очекуван.

Во своето редовно радио-обраќање, Орбан нагласи дека не смее да се занемари фактот дека инцидентот се случил токму во Полска.

Орбан ја истакна силната врска меѓу двете земји, без оглед на моменталната политичка клима. Тој нагласи дека Полјаците се историски сојузници и пријатели на Унгарија и дека Унгарија треба да биде меѓу првите што јасно ќе реагираат на какво било нарушување на полскиот суверенитет.

– Од првиот момент влегувањето на руските дронови на полска територија го опишавме како неприфатливо и стоиме со Полјаците, ао оглед на тоа што сме 100 проценти солидарни со нив, изјави тој.

Говорејќи за инцидентот во кој руски дронови влегоа во воздушниот простор на НАТО, Орбан рече дека тоа ја отсликува опасната околност во која се живее секојдневно. Според него, такво нешто можело да се случи кој било ден, како во Полска, така и во Унгарија, поради што заканата од војна е неизбежна.

Унгарскиот премиер исто така направи разлика меѓу позициите на двете земји, додавајќи дека Унгарците „не се вклучени во војната и се држат настрана, додека Полјаците се до гуша во неа“.

За време на рускиот напад врз Украина во ноќта меѓу 9 и 10 септември, руски дронови 19 пати го нарушија полскиот воздушен простор. Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека дроновите можеби влегле на полска територија „по грешка“, додека полскиот премиер Доналд Туск ги отфрли тврдењата дека зад упадот стои Украина, нарекувајќи ги манипулација и дезинформација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Криминалистичка полиција влезе во ЈП „Дрисла“ за утврдување евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот
Следна Статија Максим Димитриевски поднесе кандидатура за нов мандат за градоначалник на општина Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Аеродромот Хитроу во Лондон затворен поради прекин на струја, гори трафостаница (ВИДЕО)

Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен денеска до полноќ по прекинот на струја предизвикан од пожар во блиската…

March 21, 2025
СВЕТ

Русите јуришаат на фронтот со розева „Лада“

Најновото руско јуришно возило се чини дека е розово „Жигули“, стар советски автомобил познат како Лада стандард. Овој розов автомобил…

December 27, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Неизвесна судбината на иранската студентка која во знак на протест шеташе по долна облека

Организациите за заштита на човековите права денеска побараа од властите во Иран да ја ослободат приведената жена, која пред два…

November 4, 2024
СВЕТ

Синот на норвешката принцеза уапсен поради силување

Норвешката полиција објави дека 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен под сомнение за силување. Во полициското соопштение се…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?