Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По Скопје и Битола, Торонто е град со најмногу Македонци во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По Скопје и Битола, Торонто е град со најмногу Македонци во светот
МАКЕДОНИЈА

По Скопје и Битола, Торонто е град со најмногу Македонци во светот

Објавено September 13, 2025 09:31
Сподели
Сподели

Торонто е најмултикултурен и најкосмополитски град во светот, каде живеат и се интегрирани луѓе од сите краеви на светот. Во главниот град на канадската провинција Онтарио бројни се имигрантските заедници, кои непречено ја негуваат традицијата и културата на земјата од каде потекуваат, а најчесто тоа е преку верските објекти. Речиси да нема кварт во која нема верски објекти, како на најголемите религии, така и на некои помали религиски групи.

Според официјалната статистика од 2021 година во Торонто живеат околу 2,7 милиони луѓе, додека во пошироката област на градот живеат над 11,1 милиони луѓе од сите раси и вери. Додека колку Македонци живеат во Торонто и Канада има различни толкувања. Според пописот од 2021 година во Канада живеат 39.440 лица кои изјавиле дека имаат целосно или делумно македонско потекло, додека за Торонто нема официјални податоци. Но, според здруженијата на македонската дијаспора бројот на Македонци е многу поголем, а Торонто е трет по големина град по Скопје и Битола, каде живеат од 70.000 до 150.000 Македонци.

Реалната бројка најверојатно е многу поголема од официјалната, судејќи по бројот на македонски православни цркви во Канада. Македонската православна епархија за Америка и Канада управува со девет парохии и една монашка заедница во Канада. За доселените Македонци, но и за тие што се родени во странство, првата, но и најцврста поврзаност со татковината е црквата. Македонците кои живеат во источниот дел на Торонто најчесто ја посетуваат црквата Свети Димитрија Солунски во градот Маркам, некогашно предградие на Торонто.

Прво што се забележав во црквата Свети Димитриј Солунски беа иконите. На секоја икона го пишува името на дарителот и неговото семејство, но наведени се селото или градот од каде се доселени. Неделната литургија почна во 10 часот, на која присуствуваа околу 40 луѓе, речиси сите повозрасни. Свештеникот проповедта ја држеше комбинирано на македонски и на англиски јазик. Дури и литургиската книга е печатена на англиски и македонски јазик.

Службата заврши откако попот прочита кој колку долари дал за здравје и за помен на починатите.

Отец Горан Ристески во Канада живее 22 години, прво бил свештеник без парохија, а од 2015 служи во Свети Димитрија Солунски. Запрашан за спорниот број на Македонци, тој истакна дека „во Канада живеат околу 150.000 до 200.000 Македонци, додека во Торонто и околината живеат околу 70.000 до 80.000 Македонци“.

– Само литургијата ја служиме на македонски и англиски јазик, додека венчавките, крштевките, погребите се само на англиски јазик. Не само поради тоа што присуствуваат и луѓе од други националности, туку и поради тоа што втората или третата генерација Македонци родени во Канада не го зборуваат македонскиот јазик, посочи отец Ристески.

Тој истакна дека црквата ја посетуваат голем број верници, но дека поради летниот период на литургијата имаше помалку луѓе.

– Црквата се обидува, како и низ вековите, да ја зачува верата, традицијата, јазикот, а младите Македонци се заинтересирани за сето тоа, но сè зависи од нивното време и обврски. Се обидуваме се што е во наша моќ да ја зачуваме верата, традицијата и јазикот на македонскиот народ. Црквата организира изучување на македонскиот јазик, го негуваме македонскиот фолклор, организираме и играорни групи, истакна Ристески, при тоа упатувајќи апел до родителите да ги насочуваат децата кон верата и традицијата.

Тој наведе дека покрај црковните обреди, црквата за сите поголеми верски празници организира еднодневни или повеќедневни фестивали на кои се послужуваат македонски јадења, се пеат македонски народни, патриотски, но и новокомпонирани песни, настапуваат играорни групи, главно составени од деца, додека тинејџерите се ангажирани како волонтери.

Отец Ристески посочи и дека од овој месец еднаш неделно во црквата Свети Димитрија Солунски ќе се држат часови за изучување на македонскиот јазик. Курсот првенствено е за децата на нашите иселеници, но добредојдени се и повозрасните лица, кои не го говорат македонскиот јазик.

Тој изрази задоволство од заинтересираноста и ангажираноста на македонските бизнисмени во Канада, кои го поддржуваат опстанокот на македонската црква во странство.

Македонците во Канада се доселуваат во повеќе бранови уште од почетокот на 20 век, односно по Илинденското востание. Според Канадската енциклопедија (The Canadian Encyclopedia) „една од најголемите групи небритански доселеници што пристигнале во Канада биле селани од балканските планини, тогаш дел од Турската империја. Овие рани жители (и нивните потомци) себеси се нарекуваат Македонци. Тие зборуваат македонски, словенски јазик, и имаат свои социјални и економски институции, вклучувајќи цркви, братски организации и организации за самопомош, како и претпријатија базирани на заедницата, главно во метрополата Торонто и јужниот регион на Онтарио“.

Според официјалните податоци во 1910 година во Торонто околу 1.090 луѓе се изјасниле како Македонци од регионот на Костур и на Лерин, егејска Македонија. До 1940 година имало над 1.200 македонски семејства. Најголем број Македонци имигрираат во Канада по Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција (1947-49). Следниот иселенички бран се случува во 60-тите години од минатиот век и продолжува и денес. На пописот од 2006 година, како Македонци се изјасниле 37.055 луѓе, за по 15 години нивниот број да се зголеми за 2.385.

Без оглед на бројките, Македонците во Канада го негуваат својот идентитет преку верата, културата и активното учество во канадското општество.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија и САД прославија 30 години дипломатски односи
Следна Статија Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе се готови до крајот на 2026, рече Николоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше свој панел и излагање на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на иднината и реформите…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дајте ни време, ќе го решиме случајот, не може јавноста да го стигматизира детето, порача Јаневска за третоодделенецот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска побара јавноста да им даде на институциите неколку дена за да го…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Чомовски откри дека „Топ тема“ на Телма била продадена на Американците

Во вчерашното издание на емисијата „Топ тема“ гостин-водител беше некогашниот новинар на Телма Александар Чомовски. На крајот на емисијата тој…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит

Вицепремиерот Арбен Фетаи вели дека Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи овој…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?