Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љупчо Марковски-Калц, Мишко Барзов и Тони Симиќ меѓу носителите на листи на ЗНАМ во скопските општини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Љупчо Марковски-Калц, Мишко Барзов и Тони Симиќ меѓу носителите на листи на ЗНАМ во скопските општини
ПОЛИТИКА

Љупчо Марковски-Калц, Мишко Барзов и Тони Симиќ меѓу носителите на листи на ЗНАМ во скопските општини

Објавено September 13, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на прес-конференција ги претстави носителите на советничките листи за претстојните локални избори во скопските општини и во Градот Скопје. Најголемото внимание го привлече одлуката генерал Горанчо Котевски, поранешен началник на Генералштабот на АРМ, да ја предводи советничката листа во главниот град.

Портпаролот на движењето, Никола Мемов, истакна дека изборот на носители на листи е резултат на месеци работа и доверба изградена со граѓаните.

– Зад нас се месеци исполнети со посветена работа на терен, во кои илјадници граѓани ни ја доверија својата визија за подобар живот во своите општини – рече Мемов.

Тој објави дека ЗНАМ ќе настапи со свои листи во 53 општини, плус Градот Скопје.

– Оваа бројка е доказ дека ЗНАМ е најбрзо растечкото движење во Македонија. Нашата визија за чесна и посветена политика ја обедини енергијата на граѓаните од целата држава – додаде Мемов.

Во Скопје, меѓу носителите на листи се најдоа познати имиња од спортот, медицината, правото и стопанството. Во Аеродром ќе ја предводи листата Љупчо Марковски Калц, поранешен капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, додека во Центар носител е м-р Крумислав Мишко Барзов, магистер по спортски менаџмент и автомобилски експерт.

Во Карпош носител е проф. д-р Јасмин Циривири, врвен хирург ортопед од ГОБ „8 Септември“, во Бутел – кошаркарот Ѓорги Станко Чековски, а во Ѓорче Петров – Тони Симиќ, легендарниот центар на македонската кошаркарска репрезентација. Носителот во Гази Баба е поранешниот полициски началник и економист Зоран Доневски, во Кисела Вода е стопанственикот Сашо Петровски, а во Чаир е адвокатот Николче Наумов.

За градот Скопје, Мемов го претстави генерал Горанчо Котевски како носител.

– Човек кој целиот свој живот го посвети на одбраната и безбедноста на државата. Денес, тој ја носи визијата за развој на нашиот главен град – срцето на Македонија – нагласи портпаролот на ЗНАМ.

На градската листа се најдоа и професори и јавни личности како проф. д-р Билјана Андреска Богданоска, актуелен ректор на Европски универзитет, проф. д-р Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, урбаниот претприемач Мире Јанев – Миро Плеј, но и спортски легенди како Марин Докузовски.

– Тоа е нашата најголема гаранција дека ветувањата ќе станат дела, дека ќе изградиме поуредени општини и подобар квалитет на живот за сите – порача Мемов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп ги измеша „лончињата“: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан
Следна Статија Вучиќ: Сакам избори во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: Се разгледаа важни прашања од заеднички интерес на денешната меѓувладина седница во Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по завршувањето на меѓувладината седница помеѓу македонската и Владата на Унгарија. Седницата којашто ја предводевме…

September 27, 2024
ПОЛИТИКА

Ќе ви помогнеме да ги имплементирате реформите, а вие искористете го моментумот за проширување во ЕУ, ни порача Рокас

Како ЕУ делегација ќе се фокусираме да и помогнеме на Македонија да ги испорача реформите, меѓутоа постои голем моментум во…

January 23, 2025
ПОЛИТИКА

Тошковски: Добро е што градоначалничката на Град Скопје конечно реши да се разбуди од зимски сон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје…

May 26, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова и Ацевски: Приоритет за Ѓорче Петров ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денес заедно со Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?