Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новотни: Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозоците во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Новотни: Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозоците во Македонија
ЗДРАВЈЕ

Новотни: Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозоците во Македонија

Објавено September 13, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Поради околинските чинители, меѓу кои еден од најважните е аерозагадувањето, стареењето на мозоците во Македонија е повеќекратно забрзано, што пак води до зголемен ризик од развој на Алцхајмерова болест, рече ко-претседателот на зелената партија ДОМ, проф. д-р Антони Новотни, во изјава за телевизија Канал 5.

„Во Македонија гледаме млади и продуктивни луѓе со само 50 години кои веќе имаат знаци на деменција – нешто што е неколку пати повеќе од европскиот просек. Овие разлики треба да не’ загрижат да застанеме во еден фронт за зелена иднина која што треба да ја направиме. Животот е наш, на граѓаните, а не на една или друга политичка опција“, истакна проф. д-р Новотни.

Истражувањата покажуваат дека загадувањето има погубно влијание уште во утробата на мајката, а најкритични се првите години од развојот на детето.

„Загадениот воздух е причинител за сериозни невролошки и психолошки промени, вклучително и анксиозност, депресивни растројства и суицидни намери кај младите“, појасни во изјавата ко-претседателот на ДОМ, проф. д-р Антони Новотни.

Зелената партија ДОМ оценува дека овие податоци не смеат да бидат занемарени и затоа на претстојните локални избори, како дел од „Коалицијата за зелена иднина“ ќе ја стави борбата против загадувањето и заштитата на здравјето во прв план. Станува збор за најважната битка – за живот, за иднината на младите генерации и за градови во кои воздухот повеќе нема да убива.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла
Следна Статија Албанија оди напред: Отвора уште еден кластер во преговорите за влез во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство…

June 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За нас“ апелира да се отворат конкурси за…

July 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Чај од шипка: Има 50 пати повеќе витамин Ц од лимонот, само ако го подготвите на овој начин

Чајот од шипка е идеален напиток кој не само што ве освежува, туку помага и во зајакнување на имунолошкиот систем,…

January 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Пановски: Ако Скопје не се исчисти веднаш, градот може да биде преплавен со 10.000 стаорци

Кризата со несобраниот отпад во Скопје веќе не е само прашање на хигиена и естетика, туку сериозен здравствен ризик, предупредуваат…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?