Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат
МАКЕДОНИЈА

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Објавено September 14, 2025 09:04
Сподели
Сподели

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад, што предизвика ширење на штетни супстанци во воздухот.

„Денешниот пожар во објектот за рециклирање на батерии и електронски отпад разбирливо предизвика загриженост кај сите граѓани. Фирмата има 10-годишна дозвола добиена во 2021 година. Апелирам на смиреност и доверба во институциите. Веднаш реагиравме, нашите инспектори го мереа квалитетот на воздухот и ситуацијата е под контрола,“ изјави Меџити во изјавата испратена до медиумите околу 3 часот по полноќ.

Тој рече дека првите резултати од мерењата се очекуваат во секој момент, но податоците утрово не се објавени.

Министерот за животна средина пристигнал во Трубарево доцна навечер, а во текот на целото попладне присуствуваше на партиските активности. Тој не се појави ниту на вонредната владина прес-конференција за пожарот, на која присутни беа министри од сите засегнати ресори, а новинарите го бараа поради итноста на состојбата. Меџити неколкупати се вклучи во живо на социјалните мрежи од партиските активности на кои присуствуваше во пресрет на локалните избори, каде е кандидиран за градоначалник на Чаир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Миноски: Беззаконие
Следна Статија Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јанев: Евидентирани над 240 лажни дојави за поставени бомби во училиштата

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека полицијата денеска евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Царинската управа ги „затегна чешмите“, сега се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите

Ги „затегнавме чешмите“, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите пет месеци. Поднесена е 31 дисциплинска…

November 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила

Општина Карпош е прва општина која потпиша договор со колективен постапувач за отстранување на отпадни (хаварисани) возила. Општина Карпош на…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонец лежи во „Идризово“ осуден за борба на руска страна: Веднаш ме испратија на фронтот кај Мариупол

37-годишниот Љупчо Бојчевски од Скопје е единствениот Македонец осуден на затворска казна за учество во странска војска во конфликтот во…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?