Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче бара итни мерки: прегледи за жителите, анализи на воздух и почва, поширока безбедносна зона
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче бара итни мерки: прегледи за жителите, анализи на воздух и почва, поширока безбедносна зона
ПОЛИТИКА

Филипче бара итни мерки: прегледи за жителите, анализи на воздух и почва, поширока безбедносна зона

Објавено September 14, 2025 12:26
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, ја оцени ситуацијата по вчерашниот пожар во Трубарево како сериозна и упати конкретни барања до институциите за итно дејствување. Тој истакна дека ваквите кризни настани бараат одговорна, транспарентна и координирана реакција, а не политички спинови и конфузни пораки.

Граѓаните имаат право да знаат што дишат и што внесуваат во организмот, но и да бидат заштитени од државата. Тоа е нивно основно човеково право, а должност на институциите е да им го обезбедат“, посочува Филипче.

Тој потенцираше дека одговорноста не завршува со гаснење на пожарот, туку дури почнува со справувањето со последиците, кои како што рече можат да бидат долгорочни и опасни по здравјето.

„Јавно барам да се овозможи медицински преглед за сите жители во и околу Трубарево, особено за оние кои биле директно изложени на чадот и токсичните гасови“, изјави тој. Дополнително, побара и лабораториски анализи на воздухот, почвата и водата со јасен фокус на диоксини, тешки метали и HF остатоци, но подвлече дека тие резултати мора да бидат транспарентно објавени.

Филипче посочи и на потребата од обезбедување психолошка поддршка за жителите и пожарникарите кои биле на лице место. „Не можеме како држава да ги оставиме сами со траумата“, нагласи тој.

Претседателот на СДСМ укажа дека воспоставената безбедносна зона од 400 метри е недоволна, и предложи таа да биде проширена на периметар од 500 до 2.000 метри. Во тој радиус, рече тој, мора да се воспостави јасен протокол кој ќе вклучува затворање на училишта ако е потребно, дистрибуција на маски, ограничување на движењето, како и активирање на јавен систем за предупредување преку СМС пораки и локални медиуми.

„Очекувам да бидат поставени мобилни мерни станици кои ќе го мерат загадувањето во реално време, особено по правците на ветерот“, додаде Филипче. Тој исто така предупреди на потребата од долгорочно следење на квалитетот на почвата и водата, информирање на населението дали може да ги користи земјоделските производи, како и дали ќе биде потребна дезинфекција на јавни површини.

На крајот, побара целосна истрага за причините за пожарот. „Потребна е истрага за тоа што точно се случи, зошто немало контрола, каде затаиле протоколите и кој ќе понесе одговорност“, рече Филипче, потенцирајќи дека „наместо конфузни изјави и политички спинови, луѓето очекуваат одговори и решенија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителството презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
Следна Статија Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека ако биде кандидат за градоначалник на Скопје, очекува…

February 8, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во фабриката „Макпрогрес“ во Виница

Пожар избил попладнево во фабриката „Винчини“ во Виница, кој го зафатил магацинот и неколку производни погони, информираат од Центарот за…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: ДУИ во паника – се моли да нема избори во Тетово

Денешното соопштение на ДУИ е јасен доказ за паниката што ги зафати нивните редови. Откако со години го држеа Тетово…

July 10, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже за политички прогон – Судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДС за наводен политички прогон во случајот со Филип Андонов Сокол, оценувајќи дека станува збор…

December 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?