Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК
МАКЕДОНИЈА

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Објавено September 14, 2025 14:08
Сподели
Сподели

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица, припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец,  веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Кај хоспитализираната пациентка, која е со коморбидитети, се прават дополнителни анализи, се третира соодветно и Алиу се надева дека бргу и таа ќе биде пуштена дома.

Министерството за здравство формираше кризен штаб по пожарот, направени се протоколи, а претходно објавените препораки од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) остануваат да важат.

Алиу најави дека Владата попладне на онлајн седница ќе донесе одлука учениците од училиштата во неспосредна близина на локацијата на пожарот да следат настава онлајн една недела.

Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска соопшти дека според монитпорингот што го прават тие, нема отстапки на параметрите за радијација во воздухот.Во текот на денов ќе се направат дополнителни анализи, ќе се проверат почвата и водата во погодените места, рече Андоновска.

Апелира да се следат дадените препораки коишто, како што рече, се во согласност со сите светски стандарди и колку и да изгледаат едноставни и обични доколку се почитуваат особено од граѓаните од ранливите групи, со коморбитдитети, хронични заболувања, бремените жени и децата, можат да придоенсат да нема здравствени проблеми.

– ИЈЗ не прави физичко-хемиски анализи, туку ќе спроведе мониторинг на квалитетот на воздухот, почвата и водата, на радијацијата во воздухот. Според нашите анализи и сознанија во моментов нема отстапувања од минимумот на параметрите за радиоактивност во воздухот, рече Андоновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов: Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, се работи за хибриден напад на Владата
Следна Статија Мицкоски: Ова што се случува сега и цело лето ќе продолжи, затоа што некој има интерес – но тие ќе бидат поразени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Отец Бобан: Света Петка била и останува блескав пример за сите христијани, поучувајќи ги да застанат на правиот пат

Православните христијани утре го празнуваат споменот на Света Петка, поточно Преподобната Параскева (Петка) Епиватска. Култот на Света Петка е широко…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Словенечка европратеничка во ЕП им се обрати на бугарските колеги на македонски: За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола (ВИДЕО)

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц, синоќа беше разгледан на пленарната седница во Стразбур. Во дебатата…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Граѓаните да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши

Во рамки на денешните активности, министерот за внатрешни работи, заедно со дел од раководството на Министерството, оствари посета на Отсекот…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски на терен: Патиштата проодни, снегот редовно се чисти

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе…

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?