Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ина Многуфина по пожарот во Трубарево: „Ова е период од годината кога Скопје треба да мириса само на ајвар…“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ина Многуфина по пожарот во Трубарево: „Ова е период од годината кога Скопје треба да мириса само на ајвар…“
МАКЕДОНИЈА

Ина Многуфина по пожарот во Трубарево: „Ова е период од годината кога Скопје треба да мириса само на ајвар…“

Објавено September 15, 2025 08:36
Сподели
Сподели

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина се огласи по пожарите кои изминативе неколку дена го угушија градот. Таа во својот Фејсбук статус вели дека ова е период од годината кога Скопје треба да мириса само на ајвар.

„Кога веќе дознавме дека некој издавал дозволи за чување опасен отпад до училишта во населени места, кога веќе дознавме дека едни те исти ги палат едни те исти депонии со години, кога веќе се убедивме дека Дрисла не знаат да ја водат и увезуваме ѓубре од надвор да се гори тука ко да сме контејнерот на регионот, кога веќе знаеме дека се ова го дишеме, дајте барем во иднина да не се лажеме со муабети дека смрди и печат очи од домаќинствата или од старите коли и од тоа е загадено Скопје. Загадено е од тоа што им се дозволува на некои да си тераат бизниси со ѓубре, загадено е зошто тоа вработеното таму ништо не работи, загадено е од што државата иде у лер и чат пат негде нешто ќе се деси, ко Кочани или Трубарево и по не знам кој пат сме во шок дека буквално може да се земе дозвола и за нелогични работи на некаков начин“, вели Ина.

Е сега, кога веќе почна да смрди целата работа, вели Ина, ред е да се каже кој даде дозвола за оваков отпад до школо, да се влезе во тоа Министерство и да се прочешла за што се имаат дадено дозволи.

„Ред е некој што стварно разбира да седне да го води Министерството за животна средина пошо нас стварно не ни се умира заради туѓите незнаења или можеби нешто друго. Кој потпиша за опасниот отпад до школо? Министерот не чувствувал одговорност. Епа добро тогаш, ок. Извини што помисливме дека ти го хендлаш овој ресор. Уживај.“, напиша инфлуенсерката.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МАНЧЕСТЕР Е ОБОЕН ВО СИНО Сити триумфираше над Јунајтед (ВИДЕО)
Следна Статија „Се сретнале, пиеле алкохол, по расправија го претепале до смрт – убиство во паркот „Жена-борец“ во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Состојбата во град Скопје е алармантна. Градските улици се гушат во смет, градскиот превоз не функционира, а градот е оставен…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филипче да се огради од изјавата на Фрчкоски дека Македонците се народ со три пива пред гранап

СДС и Филипче не се оградија од ставот на Фрчкоски дека Македонците ништо не направиле за својата држава.Тој го навреди…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Разрешувањето на Државниот обвинител Коцевски денеска пред пратениците

На пленарна пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?