Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор од 48 часа за четворицата осомничени за пожарот во Трубарево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор од 48 часа за четворицата осомничени за пожарот во Трубарево
ХРОНИКА

Притвор од 48 часа за четворицата осомничени за пожарот во Трубарево

Објавено September 15, 2025 09:53
Сподели
Сподели

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор во траење од 48 часа на четворица осомничени за пожарот во Трубарево.

Четворицата се осомничени за кривичното дело од чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје за определување краткотраен притвор за 4 лица, кои доцна синоќа беа спроведени во судот, а поврзани со пожарот кој на 13.09.2025 година се случи во Трубарево – Скопје, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на: В.М., З.С., М.Д. и Л.Д. им определи мерка притвор во траење од 48 часа, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, во врска со пожарот во Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка синоќа побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази, соопшти Републичкото јавно обвинителство.

– Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, се вели во соопштението.

Резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина се уште се чекаат.

Пожарот избувна завчера околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад во Трубарево.

Лекарска помош по пожарот побарале четири лица и сите се надвор од животна опасност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Зеленски: Имаме решение за руските дронови, подготвени сме да го споделиме со НАТО
Следна Статија Дарио Ивановски на 58. место на маратон на СП во Токио, Симба во фото финиш до златниот медал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Росица Кулакова повика на протест: Судот по вторпат ја уби Фросина, во оваа земја убиството се исплаќа, правдата е слепа

Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство, реагира Росица…

May 13, 2025
ХРОНИКА

Во запален стан во Струмица пронајдено починато лице

Во запален стан во Струмица на улицата „Благој Јанков Мучето“ денеска во 15:27 часот било пронајдено починато лице, соопштија денеска…

July 17, 2025
ХРОНИКА

Фантомски фирми ја оштетиле државата за четири милијарди денари

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега…

February 28, 2025
ХРОНИКА

За непостоечка операција: Лажен лекар од Штип измамил жена за 700.000 денари

Лице кое лажно се претставило како лекар измамило 77-годишна жителка на Штип за сума од 700.000 денари, соопштија од СВР…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?