Македонската публика уживаше во вистински спектакл на ММА сцената! На настанот „Армада 14“ нашите борци испишаа ново славно поглавје во спортската историја. Даниела Алексовска и Марко Трајановски вечерта ја заокружија со големи победи, потврдувајќи дека Македонија има шампиони на кои може да биде горда.
Даниела Алексовска импресионираше со сензационална победа уште во првата рунда! Со маестрален потег, таа ја совлада противничката Флацеа Алда од Молдавија во последната минута од воведната рунда. Алда немаше излез од зафатот на Алексовска, па судијата немаше друг избор освен да ја додели победата.
Марко Трајановски, пак, го запиша својот прв полупрофесионален триумф со убедлива судиска одлука против Петар Кликовац од Србија. По целосни три рунди, во кои Трајановски ја контролираше акцијата и доминираше над противникот, судиите едногласно ја доделија заслужената победа за македонскиот репрезентативец.