Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови детали за изнудата од бизнисмен- агент во АНБ глумел финансиски разузнавач, амнестираниот за „крвавиот четврток“ мафтал со лажни документи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нови детали за изнудата од бизнисмен- агент во АНБ глумел финансиски разузнавач, амнестираниот за „крвавиот четврток“ мафтал со лажни документи
МАКЕДОНИЈА

Нови детали за изнудата од бизнисмен- агент во АНБ глумел финансиски разузнавач, амнестираниот за „крвавиот четврток“ мафтал со лажни документи

Објавено September 15, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Акцијата за апсење на двајца изнудувачи, меѓу кои еден е вработен во Агенцијата за национална безбедност се одвивала пред два дена. Уапсените барале 75 илјади евра за да спречат непостоечка истрага против сопственик на градежна компанија од Битола, објави Телма.

Уште од лани, Михаил Младеновски му пришол на бизнисменот тврдејќи дека како добро информиран знае за истрага против фирмата. Младеновски тврдел дека Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има покренато истражна постапка против битолчанецот.

Младеновски претходно имал релации со обвинителството за организиран криминал, но како обвинет од оваа основно обвинителство. Тој беше дел од групата на обвинети за крвавиот четврток, односно за упадот во Собранието на 27-ми април. Подоцна заедно со политичарите, организаторите на протестот и собраниските службеници беше амнестиран со законот за амнестија.

Како потврда за истрагата се појавил извесен Вилијам Секл кој иако бил вработен во агенцијата за национална безбедност глумел финансики разузнавач пред уценуваниот градежник. Исто така тврдел дека е истражител во обвинителството.

На уценуваниот му барале 75 илјади евра за да помогнат во спречување на истрагата која „постоела“ само на хартија. Документ за лажната истрага направил првоосмничениот.

Градежникот го пријавил случајот во полиција, па е отворена истрагата во скопско обвинителство. Уценуваниот бизнисмен барал трпение од изнудувачите и предложил да „плаќа“ на рати. Првата рата од одбележани 5.000 евра била предадена во угостителски објект во Карпош кога Младеновски е уапсен.

Целиот текст прочитајте го на Телма

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје, ја предводи професорот Даме Димитровски
Следна Статија Странска акредитирана лабораторија да направи испитувања на квалитетот на воздухот, водата и почвата, бара Филипче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Отворено ново балистичко стрелиште за помодерна и поефикасна форензика

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше отворено ново стрелиште кое што ќе осигура сите форензички испитувања на балистички докази…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Свечено отворени 64-тите Струшки вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гласа во декември: Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК

Адем Чучуљ, образован правник со завршен правосуден испит, ќе биде предложен од страна на Комисијата за прашања на изборите и…

November 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каменот тежи на своето место, ни треба секој Македонец кој може да придонесе за развој на татковината, истакна Мицкоски

Македонија денес е земја која се развива, дом во кој има место за сите луѓе оние кои се тука, но…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?