Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двојно убиство и самоубиство во Велес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Двојно убиство и самоубиство во Велес
ХРОНИКА

Двојно убиство и самоубиство во Велес

Објавено September 15, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Денеска околу 15:30 часот на улицата „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Станува збор за 31-годишната Р.К. од Велес, која итната медицинска помош ја пренела во болницата, но лекарите констатирале смрт.

Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, бил пронајден мртов и нејзиниот татко К.К. (68), исто така со повреди од остар предмет.

Во истиот дом со повреди од остар предмет бил затекнат и И.С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К. Според првичните информации, токму тој ги нападнал ќерката и таткото, по што сам си нанел повреди. И.С. бил пренесен во болницата во Велес, каде што лекарите исто така констатирале смрт.

Увид на местото на трагедијата врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Итната помош имала 13 интервенции во Трубарево, а една жена е пренесена на Токсикологија
Следна Статија Камбовски: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж од Јосифово со остар предмет му нанел убодна рана на соселанин

На 07.03.2025 година во 17.00 часот во село Јосифово, општина Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го…

March 8, 2025
ХРОНИКА

Буџетот на МВР оштетен за 3.000 евра од вработена во Центарот за обука за полицајци

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т.…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев

Обвинетиот Влатко Кешишев за случајот со убиствата на Вања и Панче денеска одговараше на прашања на јавниот обвинител кои се…

April 2, 2025
ХРОНИКА

Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково

Четири лица се тешко повредени откако возило се преврте утринава на обиколница во Волково. Информацијата за МИА ја потврди шефот…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?