Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок
МАКЕДОНИЈА

Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок

Објавено September 15, 2025 19:42
Сподели
Сподели

Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево покажуваат зголемување на сите параметри од два до три пати од дозволеното, а јаглерод моноксидот чија просечна вредност не треба да надминува 10 mg/m3, била 300 mg/m3.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска, која заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, директорот на на Управата за животна средина Игор Никовски и Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски информираа за првичните контроли и чекори кои се преземаат по катастрофалниот пожар во депонијата за електронски отпад.

-Во петок ќе знаеме какви тешки метали се дигнаа над Скопје, а од гасовите има прелиминарни резултати кај кои има надминување на дозволените вредности. Поставени се мерни станици за да го следиме дневното ниво да се следи квалитетот на воздухот за да се знае колку се безбедни граѓаните во близина на пожарот, истакна Гиновска.

Директорката потенцираше дека до петок од акредитираната лабораторија ќе бидат достапни резултатите за мерењата за тешки метали во воздухот кои биле земени истиот ден кога избувнал пожарот, а дополнително кога ќе се создадат услови ќе се направи контрола на водата и почвата.

Директор на Управата за животна средина Игор Никоски информираше дека компанијата Ф-Групација имала дозвола која е издадена на 12 мај 2021 година со важност до 12 мај 2026 година.

-Има одобрен елаборат за животна средина од 19 февруари 2021 година согласно елаборатот на 7 мај 2021 година, стручни служби од Управата на лице место констатирале дека Ф-Групација може да започне со работа. Тоа се првични инфоирмации. Станува збор за отпад од електрична и електронска опрема, електрични батерии, акомулутари. Согласно дозволата, компанијата имала право да третира до 20 тони неопасен отпад и до 500 килограми опасен отпад во еден ден, односно за 24 часа, истакна Никоски.

Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски информираше дека наредната недела треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, коишто вчера ги поставиле во скопско Трубарево. Појасни дека се поставени два уреди, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет денови ќе земаат проби од честичките кои подоцна ќе бидат анализирани. Едната мерна станица се наоѓа на педесеттина метри, а втората е на стотина метра од складиштето за рециклирање на електронски отпад и пластика, на компанијата Ф-Групација во Трубарево, кое изгоре во саботата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: СДС и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали
Следна Статија Состојбата во Трубарево е под целосна контрола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Изборот на новите министри на денешната седница на Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Оставете нѐ да се европеизираме, вели Сиљановска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека во минатото често сме преферирале уставен релативизам, па дури и уставен нихилизам, осврнувајќи се на…

June 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Израелските лекари за еден ден направиле неверојатни 23 операции врз настраданите од Кочани

Израелските лекари за еден ден направиле 23 операции врз настраданите од Кочани откриваат македонски здравствени работници кои биле дел од…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

СКАНДАЛ: Екс директор на АНБ од СДСМ наредил следење и прислушување на новинари и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Агендијата за нациолнала безбедност во време на владеењето на поранешната власт целосно се ставила во служба на СДСМ и ДУИ.…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?