Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции

Објавено September 15, 2025 22:07
Сподели
Сподели

„Ние со нетрпение очекуваме да дојде таа резолуција за да дадеме ние наш инпут. Нели самата опозиција ни велеше дека ни треба заеднички, државнички настап. Еве ја очекуваме од СДСМ за која веќе се зборува еден месец дека конечно ќе се појави во Парламентот за да можеме ние како политичка партија да дадеме инпут.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното гостување во тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека доколку тоа не се случи, тогаш СДСМ само се обидуваат да наметнат тема во јавноста, укажувајќи дека најпрво ќе мора да ја види таа резолуција за да дадат свој инпут во содржината, бидејќи како што рече СДСМ да не очекува дека бланко ќе им се прифати тоа што ќе го достават.

„Доколку тоа не се случи, тогаш претпоставувам дека СДСМ во отсуство да наметне тема во јавноста, се обидуваа еве со конструкции, со лаги, со лешинарење но не успеваа, па сега рекоа ајде ќе градиме тема врз основа на резолуција за црвени позиции. Во ред, ајде господа повелете доставете ја во парламент и претпоставуваме очекувате дека најголемата политичка партија и коалиција ако сакате да ја подржи, ќе мора да има и свое учество во содржината на истата. Затоа што би било незрело, ако вие мислите дека таа не треба да биде препознаена и дека не треба априори да биде подржана, бидејќи вие сте направиле толку квалитетен и сериозен документ, а имајќи во предвид искуството од минатата, не би се сложил со тоа, дека ВМРО-ДПМНЕ тоа така ќе го подржи бланко и ние сите среќни ќе бидеме. Тоа така не оди.“, дециден е Мицкоски.

„Затоа велам со нетрпение ја чекам и сите ние да изградиме заеднички државнички став и да се сложиме по тие прашања кои што се важни за граѓаните, а секако евроинтеграциите се едни од тие прашања.“, посочи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
Следна Статија Митева: СДС и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ангел Димитров: Комисијата за историски прашања е алиби за односите меѓу нашите земји

„Комисијата за историски прашања со Република Северна Македонија е еден вид алиби во моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Дали и колку пари Филипче и Заев земале за продажбата на името?

Ова е навистина едно значајно прашање кое отвора прашање и за друг случај, а тоа е следното. Ако Киро Глигоров,…

March 6, 2026
ПОЛИТИКА

Ова се седумте столбови од програмата на Орце Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешниот митинг во Скопје на првиот ден од кампањата…

September 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во тек е реализација на 17 странски инвестиции, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека во тек е реализација на 17 странски инвестиции, што треба…

March 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?