Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски најавува пробен период од ноември за системот „Безбеден град“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски најавува пробен период од ноември за системот „Безбеден град“
МАКЕДОНИЈА

Тошковски најавува пробен период од ноември за системот „Безбеден град“

Објавено September 16, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Доколку ја комплетираме законската регулатива, некаде на средина на ноември ќе започне пробен период на функционирањето на системот „Безбеден град“ (Сејф сити) и „Безбедна држава“. Јас сум за конфискација на возилата за потешки инциденти, но да видиме експертската фела како ќе го реши тоа.

Ова се пораки од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кажани во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

– Јас би сакал пробниот период за ’Сејф сити’ да биде најмалку месец до месец и половина пред 1 јануари 2026 г. Со технички подготовки ќе стигнеме, да. Со технички работи коишто треба да се преземат ќе стигнеме. Се надевам дека ќе стигнеме и со законската регулатива – рече Тошковски.

Датумот за пробниот период зависи од неколку закони, од кои дел се во собраниска процедура, како што се Законот за безбедност во сообраќајот и Законот за прекршоци. Измените на Законот за возила поврзани со имплементирање на „Сејф сити“ се поминати во парламентот. Остануваат Кривичниот законик и Законот за извршување санкции.

Прашан дали дилемите се околу конфискацијата на возила, Тошковски вели дека за него е јасно какви треба да бидат санкциите.

– Јас немам дилема дека кога одредено лице ќе стори кривично дело, а притоа нема возачка дозвола, тоа возило треба да биде трајно одземено од тоа лице. И такви компаративни искуства има и во други држави. Словенија, еве, ќе ја земам за пример. Јас немам никаква дилема дека оној којшто ќе стори безобѕирно управување на моторно возило и ќе управува моторно возило повеќе од 70 км/час во град над дозволеното, значи тоа би значело – ако е дозволено 50, тој да управува над 120, или повеќе од 90 км/час на отворено, тоа значи ако е дозволено 120, тој да вози 210, по вторпат, како рецидивист, така беше предложено во она коешто последно го имавме како предлог-текст, да се одземе возилото трајно – вели министерот за внатрешни работи.

Според него, автомобил треба да се одземе и кога се користи како средство за сторување кривично дело, како, на пример, при нелегално учество во трки на булеварите.

Прашан, кој има дилема, министерот одговара:

– Имаат дилема одредени експерти коишто ги имаме консултирано во рамки на овој процес. Навистина огромен број на луѓе.

Тошковски вели, тие мислат дека е престрого да се оди со таков тип задолжителни казни. Иако, кога станува збор за повторено безобѕирно управување на возило и возило управувано од лице кое никогаш не полагало возачки испит, биле едногласни за конфискација.

Со оглед дека реформата со „Сејф сити“ е започната пред повеќе од една деценија, првиот човек на полицијата вели дека таа чини многу, но дека е поважно да се заштитат граѓаните.

– Сакам да кажам дека 142 смртни случаи секоја година е премногу за една вака мала и убава држава. Ако просекот на загинати луѓе во Норвешка на милион жители е под 20, ако просекот на загинати луѓе во скандинавските земји е под 30 на милион жители, а просекот во Македонија е помеѓу 70 и 80, значи ние сме катастрофални – рече Тошковски, кој одби да одговори колку чини набавката на опремата во сума на пари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ, ДУИ и ВЛЕН во мртва трка
Следна Статија (Видео) Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Видео: Точно на полноќ, стотици огномети го осветлија Скопје

Точно на полноќ, кога официјално пристигна новата година во Македонија, стотици огномети го осветлија Скопје. Ова видео е направено од…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кардел со порака да се искористи моментумот за членство во ЕУ, Милошоски забележа дека истата фраза ја слушаме 20 години

Најважната порака што ја имам денеска за вас е можноста за проширувањето којашто е поголема сега отколку што била подолго…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

„Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! На денешниов голем празник, уште еднаш им…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија меѓу земјите со најголем пад на населението

Светска банка ја стави Македонија на листата на земји и територии кои доживуваат најголем пад на населението во светот. Најголемиот…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?