Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска
ПОЛИТИКА

На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска

Објавено September 16, 2025 13:33
Сподели
Сподели

Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски.

Почнувајќи од последната изјава, дека странски центри на моќ и хибридни напади стојат зад пожарите во Македонија која сериозно ги загрижи граѓаните и ја потресе безбедноста во земјата.

Наместо докази, издржани информации и активирање на сите безбедносни инструменти демантот стигна токму од неговиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

 

„Во интервју за „360 степени“ Тошковски го демантираше Мицкоски и призна дека нема осомничени за хибридни напади, нема центри на моќ кои стојат зад пожарот во Трубарево или зад било кој друг пожар.

Ова признание е директен удар врз кредибилитетот и точноста на изјавите на Мицкоски.

Сега јавноста знае дека премиерот ја злоупотребил безбедносната состојба и институциите за да ја покрие својата неспособност за справување со пожарите“.

Но ова како што додава таа, не е единствена изјава на Мицкоски која била деманитарана или времето ја потрдило дека е класична манипулација.

„Мицкоски во август минатата година изјави дека има индиции за сценарио за дестабилизација на државата. Никогаш не објави докази и нормално ништо не се случи.

Во октовмри исто така минатата година Мицкоски од собраниската говорница обвини дека го следеле со дронови. Никогаш не се објавија докази и помпезно најавениот случај пропадна.

Пред само две недели Мицкоски изјави дека има информации дека бил следен и прислушуван. И ова се потврди дека нема никаква врска со реалноста и оваа афера на власта пукна како меур од сапуница.

Сите овие изјави на Мицкоски, сите овие примери се покажаа дека се празни зборови со кои се манипулира јавноста, граѓаните“.

Според Кузеска, после толку многу манипулации, толку многу измислици прашањето е дали воопшто граѓаните можат да му веруваат.

„На Христијан Мицкоски не може да му се верува.

Јавно искажаниот збор на еден политичар, особено на претседател на влада, носи тежина и голема одговорност.

Зборовите можат да предизвикаат страв, паника или да влијаат врз стабилноста на државата.

Крајно неодговорно е премиер да си дозволи да изнесува тврдења без факти и без докази, со единствена цел да си ја спасува сопствената политичка кожа.

Оваа влада и овој премиер не се само неспособни, тие се опасност. Опасност за животот и здравјето на граѓаните, опасност за институциите што ги сведуваат на нула и опасност за државата во целина“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите
Следна Статија Се случуваше да нема терапија, но некои пациенти сепак ја добиваа, сведочеше медицинска сестра во случајот „Онкологија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вреди: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на „референдумот”

Коалицијата ВРЕДИ реагираше на денешното соопштение на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во кое партијата побара распишување на предвремени парламентарни…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити вети два нови булевари во Чаир

Во рамките на ангажманите за еден модерен и функционален Чаир, кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на владејачката…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Трајановски е предложен за потпретседател на СДСМ оти заедно со Филипче летуваше на јахтата на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче како верен послушник на Заев го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда. Поставувањето на Трајановски…

November 14, 2025
ПОЛИТИКА

Заев стасал до авио компанија во Индија, каква е поврзаноста на Венко Филипче со ова?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Чудна е пасијата на СДСМ да води полемика за авиосообраќајот и да спомнува авиолетови, одговори владејачката ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?