Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пријавете злоупотреба на службено возило: Објавeн телефон и меил за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пријавете злоупотреба на службено возило: Објавeн телефон и меил за граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Пријавете злоупотреба на службено возило: Објавeн телефон и меил за граѓаните

Објавено September 16, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050 и на електронската адреса prijavizloupotreba@sozr.gov.mk, како дел од мерките на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за ставање крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста.

За полесно препознавање на возилата, веќе во процедура е унифицирањето на возилата со специјалните регистарски таблици, кои се лесно видливи и јасно ги разликуваат службените од приватните возила.
Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, денеска ја посети Општина Гази Баба која е првата скопска општина која веќе комплетно изврши замена на таблиците на служените возила, а процедурата, како што посочи Томовски, е при крај во речиси сите општини, како и во повеќето државни институции. Томовски информираше дека до овој момент, над 500 службени возила низ земјава веќе се со новите таблици, а голем дел се во постапка и очекува таа да биде завршена во наредниве две недели до кога е и рокот за унифицирање на возилата со специјалните таблици.

„Ги охрабрувам граѓаните да ги пријавуваат сомнежите за злоупотреби. Ние ќе ги препраќаме до надлежната институција, за да се пристапи кон истражување и потврдување на евентуална злоупотреба и преземање на соодветни казни“, изјави Томовски кој истовремено ги повика сите институции да направат рационализација на возниот парк.

„Кога ја презедов функцијата, веднаш ставивме GPS-уреди на сите возила. Тоа беше првиот чекор. Сега, со новите таблици, комплетно се спречува користење на службените возила за приватни цели. Јас лично користам приватно возило и сметам дека транспарентноста и одговорното управување со јавните ресурси мора да бидат приоритет,“ изјави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Таа вечер имаше посебна енергија, чувствувавме како да е последен пат“, емотивна објава на гитаристот Горан Тонев шест месеци по трагедијата во „Пулс“
Следна Статија Почина холивудската легенда Роберт Редфорд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани, соопштија оттаму по денешниот напад…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарските служби преку нивни медиуми водат хајка против Мицкоски

Oткако премиерот Христијан Мицкоски ја извади на чистина вистинската намера на бугарските власти со носењето на срамната резолуција на Европскиот…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел

Иднината на земјава е во Европската Унија и сите напорно работиме со цел тоа да се постигне, порача евроамбасадорот Михалис…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР со детална прогноза – еве какво време нè чека неделава

УХМР информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во попладневните и вечерните…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?