Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Усвоен Законот за енергетска ефикасност: пониски сметки, почист воздух и европски стандарди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Усвоен Законот за енергетска ефикасност: пониски сметки, почист воздух и европски стандарди
ЕКОНОМИЈА

Усвоен Законот за енергетска ефикасност: пониски сметки, почист воздух и европски стандарди

Објавено September 17, 2025 10:34
Сподели
Сподели

Собранието на Република Македонија на последната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Со оваа одлука, земјата добива уште една силна законска рамка, усогласена со европските стандарди, која директно ќе придонесе за пониски сметки за граѓаните, почиста животна средина и отворање на нови зелени работни места.

Законот обезбедува суштински исчекор во намалување на потрошувачката на енергија, интеграција на обновливи извори и намалување на емисиите на стакленички гасови. Со неговото спроведување ќе се создаде стабилен систем кој ќе ја приближи земјата до европските климатски цели и до концептот на зелена транзиција.

Клучни новини од Законот:

• Воведување на европскиот принцип „Енергетска ефикасност на прво место“.

• Долгорочна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради во енергетски ефикасни објекти.

• Тројно зголемена заштеда во јавниот сектор – задолжителна реконструкција на најмалку 3% од јавните згради годишно.

• Задолжителни соларни колектори при изградба или реконструкција на училишта, градинки и јавни институции.

• Финансиска поддршка за инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии.

• Високи стандарди во јавните набавки, дигитална транспарентност и професионализација на енергетските контроли.

• Вклучување на сертификатите за енергетски карактеристики во Катастарот на недвижности и поттик за меѓуопштинска соработка.

Со усвојувањето на овој закон се воспоставува правна, економска и социјална рамка што ги намалува трошоците за граѓаните и бизнисите, ја забрзува интеграцијата на обновливите извори и овозможува креирање на одржлив енергетски систем.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на целосната реализација на реформите во енергетскиот сектор и на усогласување со европското законодавство. Законот за енергетска ефикасност е дел од пакетот реформски закони кои го поставуваат темелот за стабилен, одржлив и конкурентен енергетски сектор – со енергетска сигурност, подобар квалитет на живот за граѓаните и забрзано приближување кон Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево
Следна Статија Муцунски ги пречека фудбалерите на Престон Лајонс од Австралија: Тие се гордост на македонската заедница во Австралија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

На едно четиричлено семејство му требаат 63.498 денари за основни месечни расходи

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја објави вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година. Според податоците…

July 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина…

October 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар – Букојчани, од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина

После 50 години зборување и најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?