Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра

Објавено September 17, 2025 19:21
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Регионалниот дистрибутивен центар на Лидл Северна Македонија во Речица, Куманово, кој е во завршна фаза на изградба и се очекува да отпочне со работа во пролет 2026 година.
Инвестицијата е вредна 115 милиони евра, ќе овозможи отворање на 230 нови работни места, а во изградбата Лидл соработува со над 75 македонски компании.

Покрај премиерот Мицкоски на настанот присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик министерот Марјан Ристески, директорот на Царинската управа Бобан Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Милена Драгијска, извршна претставничка на Лидл, изрази благодарност за соработката со Владата, во кои, како што рече гледаат големи партнери.

„Овој логистички центар подразбира свежи производи за македонските потрошувачи во секоја продавница, секој ден. Ова е можност и за македонските производители да ги намалат трошоците, односно да ги складираат своите производи овде како централна локација, а дополнително ние располагаме со механизми за контрола на квалитет, бидејќи гарантираме за свежината и за квалитетот на производите“, изјави Драгијска.

Со површина од 170 000 м2 и оперативна површина од 63 000 м2, ова е најголемиот логистички центар во Северна Македонија. Преку иновативната технологија, стандардите на градба, енергетската ефикасност и начин на работа, со логистичкиот центар се поставуваат нови стандарди за логистичка инфраструктура во Северна Македонија.

Лидл е дел од групацијата „Шварц“, со седиште во Некарзулм, Германија, и е еден од водечките трговци на мало со храна во Германија и Европа. Лидл моментално управува со околу 12.600 продавници и повеќе од 230 дистрибутивни и логистички центри во 31 земја и вработува над 382.400 луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим
Следна Статија Народната банка ги одбележа Деновите на европското наследство 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ на 28. јануари излегува на протест

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари.…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Тренчевска: Владата крати пари за најранливите категории во Буџетот

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, истакна дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува…

November 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци и парите ќе останат во џебовите граѓаните

Во време кога граѓаните сѐ уште трпат големи последици од економската криза, а банките од година в година остваруваат огромни…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Речиси 13 милиони евра за граѓаните од „Мој ДДВ“

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенирани фактури за првиот квартал од 2025…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?