Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта
МАКЕДОНИЈА

МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

Објавено September 17, 2025 18:58
Сподели
Сподели

Министерството за образование и наука во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведува дека системски го решило прашањето со набавка и испорака на учебници, кои се испечатени и доставени до сите училишта.

Четири министри во Владата на СДСМ раководеа со Министерството за образование и наука во период од седум години и не успеаја да обезбедат учебници ниту за основците, ниту за средношколците. Сега кога ситуацијата е надмината, оваа политичка партија чија слаба страна е образованието, се обидува токму во оваа област да собира политички поени. Не им успева, бидејќи учебници има. Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан, се вели во реакцијата на МОН.

Сегашното раководство, посочуваат од МОН, системски го реши овој предизвик од минатото, со ново законско решение во чија изработка учествуваа сите засегнати чинители, како и со интензивен ангажман на надлежните институции, органи и тела.

Испечатени се сите претходно одобрени учебници по сите предмети. За прв пат по цели седум години, обезбедени се и нови учебници по странските јазици во сите одделенија. Целосно нови учебници има во седмо одделение во основното образование и во прва година во гимназиско образование, поради примената на нови наставни програми од оваа учебна година, потенцираат од МОН.

Обновата на наставните програми и на учебниците, како што наведуваат од Министерството, ќе продолжи и во следниот период, затоа што тие се основата на квалитетното образование, заедно со наставниците и инфраструктурните услови.

Помина времето на негрижа кон образовниот систем, учениците, наставниците и родителите. Промените се случуваат, а ефектот ќе се огледа преку новите генерации кои ќе располагаат со поконкурентни знаења и потребните вештини за успех, се вели во реакцијата на Министерство за образование и наука

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема кој да ги бере мандарините во Хрватска
Следна Статија (Видео) Ван Дајк херој на Ливерпул, Баерн пресилен за Челзи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Игор Џамбазов го пречека единственото прваче во училиштето во Маврови Анови (ВИДЕО)

Уличишното ѕвонче во основното училиште ,,Денче Дејаноски” заѕвони само за едно прваче. Основното училиште ,,Денче Дејаноски” е основано во 1957…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Одамна имаме заслужено да ги почнеме преговорите за членство

Македонија одамна има и заслужено да ги почне преговорите за членство во ЕУ, па затоа Унијата треба да изврши притисок…

December 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

За Филипче не постојат црвени линии во односите со Бугарија

Венко Филипче уште еднаш и тоа од пред гробот на Гоце Делчев потврди дека е спремен да ги распродава националните…

May 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски ги пречека фудбалерите на Престон Лајонс од Австралија: Тие се гордост на македонската заедница во Австралија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски синоќа им посака добредојде на фудбалскиот клуб од Австралија – Престон…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?